Поплавената пустина во Бразил

Сподели

Националниот парк „Lençóis Maranhenses“ се наоѓа во североисточниот дел на Бразил и претставува едно од најуникатните места на планетата. Огромниот предел од околу 1.000 квадратни километри е пустина со ситен бел песок, во која има безброј прекрасни оази.

Реклама

Бидејќи се наоѓа во непосредна близина на амазонскиот базен, регионот е погоден од редовната дождлива сезона во почетокот на годината. Водата од дождот се акумулира во долините помеѓу песочни дини и формира јасно сини и зелени лагуни, кои се најголеми во периодот помеѓу јули и септември. Иако езерата ги нема во поголемиот дел од годината, сепак во нив можат да се забележат голем број риби, бидејќи нивните јајца од реката ги носат птиците.

Местото е создадено пред неколку илјадници години, како резултат на таложење на песокот кој го носел ветрот од реките во близина. Најдобар период за посета е периодот од мај до септември, кога времето е топло, а езерата полни.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира