Меки и пенести „бонбони“ кои го одржуваат срцето здраво и се здрава замена за шеќерот

Меки и пенести „бонбони“ кои го одржуваат срцето здраво и се здрава замена за шеќерот

Не треба да потрошите повеќе од 100 денари за половина килограм свежи урми и да ги користите за да подготвите вкусни намази, брзи десерти или паста за да го замените шеќерот или медот.

Меки и пенести „бонбони“ кои го одржуваат срцето здраво и се здрава замена за шеќерот

Ако сè уште не сте пробале свежи урми, лесно би можеле да се воодушевите, дури и ако не сте љубител на сувите урми. Меки и пенести, тие се топат во устата и се доволно слатки за да го заменат чоколадото, доколку барате здрава варијанта за десертите. Од оние што може да се купат во продавниците за здравствена храна, иранските се покажаа како најмеки, а оние од Саудиска Арабија се малку поцврсти. Квалитетот зависи од производителот, па пробувајте сè додека не ги пронајдете омилените, но не треба да потрошите повеќе од 100 денари за половина килограм.

Урмите потекнуваат од Месопотамија, а денес растат во сушните области од Африка и Азија, од Иран до Магреб и Кефалонија. Овие слатки урми се продаваат претежно сушени, но и свежи, во помали количини.

Причината зошто јадеме 3 или 4 урми секој ден е поради тоа што со нив ја задоволуваме нашата желба за слатки со здрава храна без штетни адитиви. Тие можат да се јадат како такви, или да се полнат со мешавина од марципан или чоколадо и сечкани ореви или како додаток во овесна каша.

Пастата со урми е еден од омилените додатоци во домашните колачи, палачинки, бисквити, но и пијалаци како кафе или чај. Во рецептите, пастата од урми служи и како замена за сирупот од мед, јавор или агаве. Уште од античко време, урмите се користеле како природен засладувач заради вкусот и текстурата што потсетува на мед.

За да направите здрава замена на шеќерот, доволно е да ги излупите сувите урми и да ги натопите со врела вода или чај, па да ги ставите во блендер и да додадете од водата што сте ја користеле за да отстојат во неа колку што е потребно за да се добие паста од нив. Некои готвачи знаат да додадат и цимет, ванила или кора од портокал. Свежите урми во фрижидер може да траат 1 недела или 2, па до 3 месеци во замрзнувачот.

Имајте на ум дека 3 урми имаат околу 90 калории, така што тие не треба да се јадат наместо грицки. Но, 3 урми ќе бидат доволни за да го снабдите телото со витамини, минерали и растителни влакна. Тие се лесни за варење и намалување на гладот, го подобруваат варењето на храната и ги чуваат срцето и крвните садови. Исто така, тие се и добар извор на железо и магнезиум, помагаат против воспаленија во организмот и ја штитат мрежницата на окото.

Можеби сакате да дознаете и дали консумирате здрава храна во погрешно време?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар