10 животни кои имаат најсилен загриз

Сподели

Просечната јачина на загризот кај човекот е доволна за да скрши лушпа од ф’стак. Но, апсолутно таа јачина е многу послаба во споредба со најдобрите природни силни вилици, па на натпревар за најсилен гриз, луѓето дефинитивно би изгубиле.

Реклама

Прочитајте кои 10 животни имаат најсилни вилици!rn

1. Голема бела ајкула

rnВо 2008 година, тим австралиски научници користеле компјутерски симулации засновани врз рендгенски слики од черепи од ајкули и утврдиле дека големата бела ајкула може да гризне со огромна сила. Општо, силата на загризот на една ајкула зависи од нејзината големина, па помалите ајкули, оние кои се долги до 4 метри, имаат послаба вилица.rn

2. Морски крокодил

rnД-р Грегори Ериксон, од државниот универзитет во Флорида, направил 10 годишно истражување со кое ја мерел јачината на вилицата на 23 видови на крокодили. Најсилен бил морскиот крокодил. Најголемите влекачи растеле со должина до 7 метри и маса до 2 тони, па така силата на вилицата може да варира. Понекогаш крокодилите напаѓале чамци гризејќи ги.rn

3. Американски алигатор

rnАмериканските алигатори живеат во дивината во југоисточниот дел на САД, претежно во Флорида и Луизијана, каде живеат во реки, езера и мочуришта. Просечниот машки алигатор е долг 3,5 до 4,5 метри и може да тежи до 450 кг. Овие влекачи се доволно големи за да го нападнат човекот, но тие претпочитаат да јадат риби и желки.rn

4. Јагуар

rnЗа разлика од сите други големи мачки, јагуарот е вешт пливач, лови риби и желки и може да пукне оклоп од желка или армадило. Тие, исто така, се добри и во лов на копно, па ги користат своите моќни вилици за да ловат елени и крави.rn

5. Нилски коњ

rnМногу луѓе го замислуваат нилскиот коњ како фин шакал. Реално, тоа се едни од најопасните животни во Африка и можат да бидат прилично агресивни, со нивната вилица можат да убијат лав или крокодил. Нилскиот коњ може да гризне лубеница со иста леснотија како кога човекот гризнува зрно грозје.rn

6. Горила

rnГорилите не јадат само меки банани, тие кршат и ореви и џвакаат тврди кори. За среќа на повеќето соседи на горилата, овие животни се вегетеријанци. Но, за да ја заштитат нивната група, тие не само што ги користат шепите, туку ги користат и нивните моќни вилици кои можат да гризнат скоро сè.rn

7. Гризли мечка

rnМеѓу мечките, гризли мечката е позната по агресивното однесување и силата. Нејзината тежина може да достигне до 680 кг. и се верува дека е способна да урне лос со еден удар со шепата. Научниците изјавиле дека нивната вилица е доволно силна за да уништи топка за куглање.rn

8. Хиена

rnТежината на хиените може да достигне 60 кг. Иако хиените се сметаат за чистачи на остатоци, зоолозите процениле дека во 50% од случаите овие животни се хранат и со жртви кои тие  ги убиле. Хиените се способни да се движат и до 60 км на час (просечна брзина на градски автобус). Моќната вилица и острите заби им овозможуваат да го уловат скоро секое животно – антилопа, бивол, па дури и мала жирафа.rn

9. Бенгалски тигар

rnБенгалските тигри живеат на Индиски потконтинент. Меѓу сите мачки, овој предатор имал најдолги заби, од 7,5 до 10 см. Тие се моќни ловци кои патуваат безброј километри за да најдат биволи, елени, свињи и други големи животни. Гладен тигар може да изеде до 27 кг месо во една ноќ, тврдат зоолозите.rn

10. Лав

rnЛавот е шампион во раст меѓу сите големи мачки. Иако тие се социјални суштества и ловат во групи, со моќните нозе и силната вилица овие предатори можат самостојно да убијат прилично големи животни.

Можеби сакате да ги погледнете и овие 19 фотографии кои докажуваат дека и животните имаат чувства.

Популарно

Може ќе ве интересира