Чоколадна торта со мед: Домашна торта со богата глазура
Погледнете го овој рецепт како да направите чоколадна торта со мед што ќе ги задоволи апетитите на целото семејство.
Потребни состојки:
- 100 грама црно чоколадо
- 250 грама шеќер
- 200 грама путер
- 100 милилитри мед
- 2 јајца
- 200 грама брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажица какао во прав
- 250 милилитри топла вода
За глазура:
- 60 милилитри вода
- 100 милилитри мед
- 150 грама црно чоколадо
- 50 грама шеќер во прав
Начин на подготовка:
За почеток, сите состојки треба да бидат на собна температура. Во поголем сад стопете го чоколадото за тортата. Загрејте ја рерната на 160 °C, подгответе подмачкан калап за торта и ставете хартија за печење на него.
Изматете го шеќерот со путерот, а потоа додајте го медот. Кога смесата ќе се соедини, додајте ги јајцата едно по едно и додајте по една лажица брашно по секое јајце. Додајте го стопеното чоколадо, па остатокот од брашното и сода бикарбоната. Потоа, додајте го какаото во прав и на крајот, додајте ја жешката вода.
Истурете го тестото во калапот и печете околу еден час и половина. По првите 45 минути, проверете како изгледа тестото и доколку е потребно, покријте го со фолија, а потоа проверувајте на секои десет минути да не изгори. Откако ќе биде готово, оставете го да се излади.
За глазурата, загрејте ги водата и медот, а потоа тргнете ги од огнот и додајте ги парчињата чоколадо и мешајте ја смесата. На крајот, додајте го шеќерот во прав.
Додека ја нанесувате глазурата на тортата , покријте го садот на којшто е тортата со хартија за печење што ќе можете лесно да ја извадите подоцна, а садот да остане чист.
Погледнете го овој одличен рецепт како да направите јајце во лиснато тесто.