Во болницата „Прарам 9“ во Банкок медицинските службеници на новороденчињата им ставаат визири за да ги заштитат од потенцијално заразување со коронавирус кој во Тајланд одзема 32 животи.rnrn
rnrnПандемијата на коронавирусот го погоди целиот свет и имајќи предвид дека сите возрасни групи се изложени на ризик, на новороденчињата во тајландската болница им е дадена дополнителна опрема за да се заштитат од можноста од инфекција.rnrn
rnrnВо петокот изутрината се појавија фотографии од новороденчиња од болница во Бангкок со розови визири, кои наскоро станаа хит на Интернет и го разнежија светот.rnrn
rnrnИ додека католиците го слават Велигден, во моментов во Тајланд се слави Сонгкаран, нивниот новогодишен ден. Но, со оглед на тоа што Тајланд има 2.423 потврдени случаи на заразени со коронавирус и 32 смртни случаи, а повеќе од половина од случаите се пријавени во Бангкок, прославите нема да се одржат на јавни места. Минатата недела, владата вовела полициски час во целата земја помеѓу 22 и 4 часот наутро.rnrnМожеби звучи лудо но не е, затоа зборувајте им на вашите бебиња и на странски јазик.
Тајланд: Новороденчиња добија визири и го разнежија светот
