6 знаци дека ви недостига сончева светлина

6 знаци дека ви недостига сончева светлина

Сончевата светлина може да влијае на сè, од вашето расположение до вашата телесна тежина, затоа е многу важно да се изложувате на сонце доволно и на безбеден начин.

6 знаци дека ви недостига сончева светлина

Што се случува доколку имате недостаток од сончева светлина?

Веќе знаете за опасностите од премногу сонце, но она што можеби не сфаќате е дека недостигот од изложеност на сонце може да биде лошо за вашето здравје. Иако е тешко изводливо изложувањето на сончеви зраци со моменталната клима за време на пандемијата на коронавирусот, но сепак, експертите од центрите за јавно здравје велат дека е добро да се излезе на свеж воздух но под услов да сте социјално дистанцирани и преземате мерки на претпазливост односно да носите маска на лицето. Можеби ќе добиете желба да излезете на прошетка, да седнете на скалите пред куќата или да седите во близина на прозорец доколку кај вас ги препознаете овие знаци кои покажуваат дека ви недостига сончева светлина.

1. Се чувствувате нерасположено или депресивно

Ниските температури можат да доведат до лошо расположение. Без разлика дали го нарекувате зимска меланхолија, собна треска или сезонско афективно нарушување (САН), лекарите често лошото расположение кога времето е студено го поврзуваат со недостатокот на сонце. Според нив, во суштина, тоа се сведува на новоата на хормонот серотонин во вашиот мозок. Со изложеност на силна светлина, како сончевата, серотонинот ќе се зголеми.

2. Се зголемува вашата телесна тежина

Со поттикнувањето на кожата на производство на витамин Д, сонцето го обезбедува важниот хранлив азотен оксид, кој го одржува вашиот метаболизам непречено да работи и го намалува апетитот. Студијата објавена во списанието „Diabetes“ открива дека изложеноста на УВ зраци може да го забави зголемувањето на телесната тежина и да се избегне дијабетес. Друга канадска студија од 2017 година во „Nature“ откри дека зголемување на телесната тежина во зима може да се должи на недостаток на сончева светлина. Потребни се повеќе истражувања на оваа тема за да се утврди здраво времетраење на изложеност и интензитет на сончева светлина.

3. Имате болки во коските

Можеби возрасните се во заблуда кога претпоставуваат дека имаат артритис или фибромијалгија (хронична болка во мускулите и замор), можеби се работи за недостаток на витамин Д заради недостаток на сончева светлина, според Делбриџ. Возрасните кои не се доволно изложени на сонце, особено во зима кога е премногу ладно за да се поминува време надвор, често чувствуваат болки во мускулите и коските, или може да се чувствуваат уморни наутро. Хранливите материи како калциум и колаген работат заедно за да ги зацврстат коските, но без соодветна доза на витамин Д, процесот прекинува и може да почувствувате болка во коските, објаснува Делбриџ.

4. Не спиете добро

Недостатокот на сончева светлина може да направи хаос во вашето тело долго откако ќе зајде сонцето. Според Националната фондација за спиење во САД, поминувањето подолго време под вештачка светлина или поминувањето долго време пред  електронски екрани предизвикува сериозни проблеми со спиењето. Всушност, ако ги избегнувате сончевите зраци останувајќи во затворено, можете да го нарушите вашиот циркадијален ритам (внатрешен часовник на вашето тело), што би можело да значи дека нема да спиете доволно длабоко но лесно може да предизвика и несоница.

5. Премногу се потите

Претераното потење на челото, особено доколку не вежбате или работите друга физичка работа, е еден од универзалните знаци дека не внесувате доволно витамин Д. Доколку вашето чело има малку дополнителен сјај (дури и кога вашата телесна температура и ниво на активност е нормално), можеби е време да го прашате вашиот лекар за проверка на крвта и недостаток на витамин Д. Дури и умерено ниското ниво на витамин Д може да биде поврзано со изненадувачки број здраствени проблеми вклучувајќи дијабетес, остеоартритис и карцином.

6. Секогаш користете крема за сончање

Сметате дека кремот со повисок SPF фактор е секогаш подобар? Во реалноста, од сончевите зраци има многу придобивки, но сè додека се изложувате умерено, односно како што препорачува         д-р Холик, 10 до 15 минути на ден. Не е потребно да биде жешко, па дури и сончево за да ги почувствувате придобивките од стариот добар витамин Д. Дури и во облачен, студен ден, кратко изложување на УВ зраците може да ви помогне да живеете подолго и да се чувствувате посреќни. Поентата е, излезете надвор и почувствувајте ги сончевите зраци на вашата кожа.

Можеби сакате да ги прочитате и 6-те правила за работа од дома и како да не си го уништите вашето здравје и да не се здебелите за време на пандемијата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар