КАФЕ ПАУЗА

Иднината преку алатките за виртуелна реалност: Следење натпревари од првиот ред и прошетки на Марс

Иднината преку алатките за виртуелна реалност: Следење натпревари од првиот ред и прошетки на Марс

Виртуелната реалност е нешто за што треба да се зборува. Иако индустријата за дизајнирање на игри е лидер во искористување на потенцијалот на оваа технологија, приказната не застанува тука.rnrnИднината преку алатките за виртуелна реалност: Следење натпревари од првиот ред и прошетки на МарсrnrnЕве неколку примери за тоа како оваа технологијата ги менува животите на подобро.rnrnВиртуелна реалност е технологија која веќе некое време е во целиот свет. Иако нејзиниот потенцијал најмногу се користи во индустријата за игри, таа несомнено започна да се шири и во другите аспекти од животот, како што се образованието и медицината.rnrnТака, нејзините корисници не се повеќе само пасивни гледачи, туку се и „реални“ учесници во разни активности. Иако ова се самите почетоци на новата технолошка револуција, логичката секвенца на виртуелната реалност е трансформација на човековиот секојдневен живот и оваа технологија за неколку децении ќе биде целосно вградена во начинот на кој живееме.rnrnЕве неколку примери за интеграција на виртуелната реалност во нашите секојдневни животи, досега.rn

Нова димензија на следење на натпреварите

rnНовата димензија на натпреварите и нивното следење преку алатките за виртуелна реалност е секако нова револуција во спортската индустрија, како за играчите, така и за гледачите.rnrnВиртуелната реалност се користи во спортот како средство за тренинг и при мерење на атлетските перформанси и креирањето анализи на техниката на играчите. И, за љубителите на спортот, виртуелната реалност носи сосема нова димензија на доживување на спортските настани.rnrnНекои луѓе веќе имале можност да бидат тест-гледачи на спортски настани преку алатките за виртуелна реалност, па ги следеле натпреварите во првите редови, иако не биле присутни во салата.rnrnНесомнено е дека имплементацијата на оваа технологија ќе продолжи и во иднина, а наскоро сите ќе имаме можност да купуваме „виртуелни билети“ за разни спортски настани.rn

Од училишните клупи до вселената

rnОваа технологијата најде начин да влезе во училниците ширум светот, поради што децата денес имаат различни образовни придобивки.rnrnБлагодарение на виртуелната реалност, студентите, како и нивните професори, имаат можност да ги посетат светските музеи, да патуваат низ историски епохи или да го видат сончевиот систем.rnrnПокрај тоа, извршувањето на разни операции и процедури во ова тридимензионално опкружување им помага на децата да развијат вештини што подоцна ќе ги применат во реалниот свет.rn

Дигитално банкарство

rnДенес, сме сведоци на дигитализација на целиот банкарски систем, а традиционалното одење во банка за некоја едноставна процедура полека се заборава. На пример, трансферот на пари од една на друга сметка може да се реши преку мобилна апликација, а некои банки даваат и опција за склучување договори за кредит. Во денешно време некои банки нудат виртуелни продажни места, преку кои можете да добиете многу услуги за кои порано мораше да бидете физички присутни.rn

Лечење на посттрауматски стрес

rnПокрај образованието, виртуелната реалност се покажа како добра поддршка која им помага на луѓето кои страдаат од некоја форма на ментално нарушување, но и за одржување на овој вид здравје. Така, виртуелната реалност стана примарен метод на третман на посттрауматски стрес преку аплицирање терапија со помош на виртуелната реалност, па преку оваа алатка едно лице може да влезе во фаза на реконструкција на трауматски настан. Покрај тоа, виртуелната реалност се користи за лекување на анксиозност, фобии и депресија.rnrnОваа технологијата може да му обезбеди на пациентот безбедно опкружување кога комуницирате за нешта од кои тој или таа има стравови, додека е во контролирано или безбедно опкружување.rn

Виртуелната реалност во војската

rnВиртуелната реалност одамна се користи при обуката на војници и унапредување на воената тактика. Така, на пример, армиите од Велика Британија и САД прифатиле употреба на оваа технологија при обука на војници заради широкиот спектар на симулации. Може да постави камера за виртуелна реалност на војникот во различни ситуации, места и средини, како што се симулациите на летање и на бојни полиња, без да тие да се ризикуваат од реалните ситуации. Покрај тоа, најголемата предност при користењето на оваа технологија во војската е намалувањето на трошоците.rnrnМожеби сакате да одржите добра форма со помош на овој симулатор за летање во комбинација со виртуелна реалност.