Претходно
Крокети од бананa
Крокетите од бананa може да звучат како чудна комбинација, но ние сме воодушевени. Веруваме дека ќе бидете и вие.
Потребни состојки:
- 2 банани
- 4 стапчиња за раженчиња
- 50 г шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 60 мл масло
- 1 јајце
- 140 г брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
- Исечете ги бананите на половина и отстранете им ги краевите. Набодете ги средните 4 делови на стапчиња за раженчиња и ставете ги во замрзнувачот, убаво да се стегнат.
- Краевите од бананата ставете ги во длабок сад и изгмечете ги.
- Додадете ги шеќерот, маслото, јајцето, брашното, прашокот за печиво и циметот и добро промешајте.
- Ставете ја смесата во длабока шолја која ќе ја наполнете до половина и секоја замрзната банана добро натопете ја во смесата и испржете ја во длабоко масло.
- Уживајте во пржените крокети од банани во комбинација со карамел или топено чоколадо.
Можеби сакате да прочитате и како се подготвува лесниот и фин – пудинг колач.