Едно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасило животот на неговата сопственичка

Едно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасило животот на неговата сопственичка

Секој сопственик на кучиња со сигурност знае дека понекогаш тие се грижат повеќе за нас отколку што ние се грижиме за себе, но се случува понекогаш и да направат штета. Многу е ретка можноста да се извлече нешто добро од лошото однесување, но токму тоа ѝ се случило на жена од Тајван.

Едно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасил животот на неговата сопственичка

Додека луѓето го задржуваат здивот да дознаат како се шири коронавирусот низ светот, едно специјално куче ја спасило својата згрижувачка и ја спречило да отиде на местото од каде потекнува вирусот.

И како кучето го сторило тоа? Па, сфатило дека пасошот на неговата газдарица е совршена играчка за џвакање. Бидејќи нејзиното куче го изгризало пасошот, таа не можела да отпатува во Вухан, како што првично планирала. Неколку дена подоцна, пристигнале првите извештаи за појавата на коронавирус во овој регион.

Кучето, по име Кими, можеби ја спасило сопственичката на начин на кој таа не можела ниту да предвиди. Илјадници луѓе се заразија со коронавирусот во Кина, а стотици починаа.

Можеби сакате да ги прочитате и овие 15 интересни ситуации кои докажуваат дека мачките нè имаат како нивни миленици, а не обратно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар