Фризури што ќе ви помогнат да го скриете израстокот на косата
Бидејќи фризерските салони се затворени, треба сами да ја бојадисувате вашата коса. Меѓутоа, ако не сте доволно вешти за тој процес и немате никого дома што може да ги реализира вашите желби, овие неколку фризури може да ви помогнат да го скриете израстокот.
Неуредна пунџа
View this post on Instagram
Оваа фризура се прави многу лесно. Покрај тоа што одлично се вклопува со опуштениот изглед, совршено го покрива и израстокот на косата.
Половина собрана коса
View this post on Instagram
Оваа фризура стекна голема популарност за многу кратко време. Освен што им е омилена на многу трендсетерки, со оваа фризура можете да ги скриете небојадисаните корени на косата.
Плетенки
View this post on Instagram
Плетенките се многу интересни и нудат различни начини на стилизирање. Колку се поинтересни, толку повеќе ќе го одвлечат вниманието од израстокот.
Разбушавена коса
View this post on Instagram
Едноставна, но во многу случаи и елегантна фризура. Едноставно префрлете го едниот дел од косата на другата страна и разбушавете го со прстите за да можете да го скриете израстокот. Исто така, можете и малку да ја истапирате косата.
Погледнете кои се новите трендови за бојадисување на косата.