КАФЕ ПАУЗА

6 правила за работа од дома: Како да не си го уништите вашето здравје и да не се здебелите за време на пандемијата?

6 правила за работа од дома: Како да не си го уништите вашето здравје и да не се здебелите за време на пандемијата?

Written by

in

,

Во текот на оваа вонредна состојба, голем дел од вработените работат од дома, а работата од дома има и свои предности: можете да спиете подолго затоа што не трошите време за подготовка и за патување до работното место, можете да јадете кога сакате, да работите облечени во пижами и уште многу други работи.rnrn6 правила за работа од дома: Како да не си го уништите вашето здравје и да не се здебелите за време на пандемијата?rnrnНо, со текот на времето ќе забележите дека сите тие предности не се толку добри и може лошо да влијаат врз вашето здравје. Поради тоа, однесувајте се како да сте во канцеларија и придржувајте се до овие правила додека работите од дома.rn

1. Еден појадок и еден ручек

rnДали околу вас има еден куп садови и празни кеси од храна и грицки? Дали почнавте да појадувате двапати дневно, а меѓу оброците јадете нездрави ужини? Ако не сакате да се здебелите, појадувајте 15 минути пред да го вклучите компјутерот, а ручајте откако ќе завршите со работата. Меѓу оброците, можете да си дозволите само една здрава ужина или неколку коцки темно чоколадо.rn

2. Оставете ги цигарите во друга просторија

rnМожеби уживате во тоа што не мора да ја чекате паузата за да запалите една цигара, но на крајот тоа ќе има лоши последици врз вашето здравје затоа што додека работите, може да се случи да испушите цела кутија цигари.rnrnПоради тоа, оставете ги цигарите во најоддалечената просторија, така што ќе мора да се потрудите малку за да стигнете до нив, што не е можно во секој момент затоа што ќе ви пристигнуваат мејлови, ќе мора да се консултирате со колегите преку Интеренет, да завршите нешто итн. Многу е важно цигарите да не ви се пред очи и на дофат.rn

3. Станете барем неколку пати додека работите

rnРаботата на работното место вклучува и кратка прошетка неколку пати за време на смената: консултации со колегите, состаноци, паузи и сл. Сега, сето тоа можете да го правите од дома без движење, но по неколку дена ќе почувствувате болки во ’рбетот.rnrnАко пушите цигари, правете го тоа на терасата и тоа стоејќи, а додека разговарате со колегите преку телефон, шетајте низ вашата соба.rn

4. Истегнување на топка

rnСигурно ви недостасува вашата канцелариска фотелја. За да не чувствувате болки во ’рбетот, одвојте 5 минути во текот на работното време и уште 5 минути по завршувањето на работното време за да се истегнете на топка за пилатес.rn

5. Повеќе вежбање

rnВежбајте барем по 30 минути секој ден затоа што во овој период не се движите доволно.rn

6. Пижамите служат само за спиење

rnИако ви изгледа како остварување на еден мал сон, постои причина зошто пижамите се наменети само за спиење. Откако ќе го поминете работно време во пижами, а потоа и ќе се движите низ куќата и ќе јадете додека сте во нив, тие ќе бидат валкани и треба да ги исперете. Поради тоа, носете пижами само за спиење.rnrnПрочитајте на што треба да внимавате ако имате видео-состанок од дома.