Зошто маслото од авокадо е добро за вашата коса и тело?
Ако обожувате авокадо, фактот дека маслото од авокадо е одлично за вашето тело, кожата и косата, исто така, ќе ви значи.
Ладно цеденото масло од авокадо содржи голема концентрација на витамин Е, што е многу важно за одржување на здравјето на кожата. Директното аплицирање на маслото врз кожата ја намалува појавата на старечки дамки, брчки и други знаци на стареење. Студиите покажале дека дури и ако го ставате во напивки, тоа дава слични резултати.
Маслото од авокадо содржи лецитин и стеролин
Најважните состојки за здравјето на луѓето во ова масло се лецитин и стеролин. Лецитинот формира заштитен слој на површината на кожата и фоликулите на косата, додека стеролинот ги хидрира и ги омекнува.
Зошто масло од авокадо е добро за коса?
Маслото од авокадо добро одговара со маслото од макадамија (вид бадем) и кокосовото масло. Ова масло е содржано во одлични маски за коса, а најчесто се користи при сува и оштетена коса. Покрај тоа, го забрзува растот на косата и спречува понатамошно опаѓање.
Покрај ефектите врз кожата и косата, авокадото има многу здравствени придобивки.
Здравствени придобивки од масло од авокадо
Го контролира и намалува нивото на холестерол во крвта и го штити кардиоваскуларниот систем. Маслото од авокадо содржи голема количина олеинска киселина, која ја инхибира апсорпцијата на холестерол и триглицериди и го спречува транспортот на лоши маснотии низ крвотокот. Со тоа запира процесот на атеросклероза. Ги намалува LDL и триглицеридите, го зголемува нивото на HDL (поуспешно од сите други растителни масла).
Ја подобрува работата на крвните садови затоа што содржи омега 3, 6, 9 масни киселини + витамин Е + калиум и ги штити крвните садови од слободните радикали и можните оштетувања. Кога нема оштетување, крвните садови стануваат посилни и пофлексибилни и подобро реагираат на промените во крвниот притисок.
Висока содржина на омега 3 има антиинфламаторно и антидепресивно дејство.
Маслото од авокадо има голема содржина на растворливи влакна – најголема количина во однос на сите други видови овошје и ја подобрува работата на срцето и дигестивниот систем.
Бета стеролите – како растителниот холестерол, се добри за апсорпција на холестерол во крвотокот, со што се спречува апсорпцијата на лошиот холестерол.
Фитостеролите од масло од авокадо го намалуваат ризикот од заболување од тумор.
Авокадото е и орален антисептик – го спречува развојот на бактериите, успешно се справува со лошиот здив и расипувањето на забите. Антивоспалителното дејство ги спречува воспалителните заболувања во устата и затоа се користи против парадентоза затоа што го спречува лачењето на ензимот што го деградира ткивото на непцата.
Високото ниво на витамините Е, Д, А – го намалува ризикот од висок притисок, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест и некои видови рак.
Поради значителното ниво на лутеин – го штити окото од УВ зрачење и ја спречува макуларната дегенерација што доведува до оштетување на видот.
Маслото од авокадо има специфичен антиоксидативен ефект – може да ги уништи слободни радикали во митохондријата, што не го овозможува ниту еден друг антиоксиданс. Митохондриите се органели кои создаваат енергија за сите процеси во организмот, но доколку се оштетени, болеста и забрзаното стареење се случуваат многу брзо.
Пробајте го маслото од авокадо и нема да зажалите.
Можеби сакате да ја прочитате и оваа тридневна диета со авокадо за ефикасен начин на слабеење.