Природата создала птица како од бајките, се чини како да доаѓа од рајот
Популарната изрека: „Животот не е розов“, не важи за овој мал борец. Ова мало „виножито со крилја“ има толку уникатни бои, што без сомнение е едно од најубавите и најшарените птици!
Секогаш е добро да внесете уште малку боја во вашите животи, затоа сметаме дека оваа раскошна птица ќе го стори токму тоа.
Овој вид птици со бели веѓи живеат во Кина, во Тијан Шан и Хималаите, но може да се сретнат и во шумите. Имаат сини пердуви со костенлива капа , розови пердуви на стомакот и веѓи кои преливаат во сиви или бели. Мажјаците имаат поживописни бои од женките. Тие тежат помеѓу 6 и 8 грама и се од 8,5 до 10 сантиметри долги.
Овие птици од видот Leptopoecile sophiae не само што се убави, тие се исто така, многу учтиви, бидејќи звуците кои ги испуштаат звучат како „sirrrr“ (господине). „Волшебниците со бели веѓи“ живеат во парови кога им е сезоната на парење, но при крај на оваа сезона, тие живеат во јата од 25 или повеќе птици. Тие се хранат со многу разновидна храна која се состои од мали инсекти и пајаци, но и мали количини на бобинки и семиња во есен и зима.
За среќа, на овие шарени птици не им се заканува истребување, што веројатно е резултат на нивните добро прикриени гнезда или пак поради малиот број на предатори во нивните места на гнездење.
Можеби сакате да ги погледнете и овие фотографии што ќе ви го подобрат расположението бидејќи ова се 10-те најслатки животни во светот.