Изберете ја најпривлечната кристална форма и таа ќе ја открие вашата нерешена судбинска задача
Изберете ја кристалната форма што најмногу ве привлекува, а таа ќе ја открие вашата нерешена карма од претходните животи.
1. Неможност да им верувате на другите луѓе
Во изминатиот живот сте биле жртва на лукавство и на потсмев, па затоа денес често сте претпазливи. Понекогаш не сте сигурни кому можете да му верувате и заради таа збунетост, можеби сте им дале шанса и на оние кои на крајот ве изневериле.
Во овој живот ќе привлечете личности кои ќе ја тестираат вашата верба и доверба во нив. Клучот е да обрнете внимание на интуицијата бидејќи знаците се тука секогаш.
На крајот на краиштата, најдобро е да се отворите пред луѓето откако ќе изградите односи со нив. По некое време, ќе можете да им верувате на нивниот интегритет, а потоа ќе можете да донесете своја одлука за тоа дали тие се достојни да бидат во вашиот поблизок круг.
2. Се сомневате во себе, се саботирате себеси и вашите цели
Во минатиот живот не се плашевте да верувате, но честопати бевте невнимателни, што ви донесе лоши резултати. Преку вашите одлуки, вие самите, а и другите, ги доведувавте во опасност, како финансиски така и физички. Поради овие грешки, почнавте да се сомневате во себе во текот на претходниот живот, а сенката сè уште ве следи.
Постојат неколку начини на кои можете да се справите со овој проблем, немојте да донесувате невнимателни одлуки и признајте ја заслугата за сите успешни и мудри одлуки што сте ги донеле и за делата што неодамна сте ги направиле.
Друг совет е да не барате мислења и совети од другите луѓе. Понекогаш, насоките од другите, колку и да се добронамерни, ќе ви предизвикаат само уште поголема забуна.
3. Напуштање на нездравите односи
Во минатиот живот, често бевте изолирани и сами и се чувствувате напуштени од другите луѓе. Затоа, ценете ги вашите односи и сторете сè што можете за да го спречите распадот на врските.
Понекогаш ги гледате само позитивната страна или потенцијалот на една личност, па тешко ви е да прифатите дека тој идеал не е реален кога врската започнува да се распаѓа и за жал, понекогаш станува токсична. Кога ќе доживеете такво искуство, имате тенденција долго да се борите за врската, но тоа не е здраво. Тоа е резултат на вознемиреноста поради фактот дека сте сами или поради недостигот на почит од другите.
Кога ќе научите да ги препознавате предупредувачките знаци, ќе се спасите од повредувања и од разочарувања. Овој предизвик може да се појави во секој ваш однос, без разлика дали станува збор за семејството, за пријателите, за партнерот или за колегите.
Извор: Atma.hr