Дали да го жртвувате добриот стил заради удобност?
Дали е добро тоа што сè е надвор од контрола и утврдените правила во модата веќе не важат? Дали ова ни дава слобода да се појавиме во јавност како што сакаме и да не бидеме осудени? Нема повеќе утврдени кодови на облекување кога одите на работа, на ручек, во театар… Можеби тоа малку нè опушти и ни овозможи да не се грижиме за начинот на кој се облекуваме. Едно е сигурно, времињата во кои живееме и вртоглаво брзиот животен стил што го водиме, нè натераа да бидеме помалку оптоварени со нашиот стил и да се свртиме кон облеката што ни овозможува да се движиме слободно, да обезбедиме топлина и максимална удобност.
Ова е вовед во приказната за стилски непривлечните чизми што го преплавија светот.
Овој модел чизми за првпат бил лансиран во 70-тите години, во вид на ски-чизми, поточно, чевлите што се носеле на планината по скијањето, во комбинација со зимски костум. Самата јасна цел, удобност и прилагодливост на недостапниот терен брзо ги направила популарни. Во нив ви е топло, удобно и лесно може да се движите по снегот, но тие не се естетски прифатливи.
View this post on Instagram
Доаѓаме до годините кога сè се менува и кога модните правила престануваат да важат. Одеднаш популарните чизми почнуваат да се носат во секојдневниот живот и се комбинираат на различни начини. Тие станаа толку актуелни, па различни брендови започнаа да создаваат вакви чизми на свој начин и ова стана планетарно движење. Кога варијанти од овие модели понудија и Викторија Бекам и Парис Хилтон, беше јасно дека овој стил брзо ќе стане омилен.
View this post on Instagram
Прашањето е, дали понекогаш мора да правиме компромис со личниот стил и да се придружиме на сегашниот тренд и како може да изгледаме убаво во тој стил на облекување? Или, воопшто, дали мора да го жртвувате стилот заради удобноста и трендот што им пркоси на модните правила? Ако одлучите да се справите со предизвикот сличен на овој, обидете се да не изгледате смешно. Голем број брендови денес нудат ваков или многу сличен модел чизми што ќе ви овозможат целосна топлина и удобност, иако се естетски непривлечни и едноставни, но тоа го олеснува комбинирањето со остатокот од вашата облека.
Можеб сакате да прочитате и зa минималистичкиот стил е сè само не досаден: 5 пролетни трендови со кои ќе изгледате како кралица.