Зошто попладневното спиење не е добра идеја?

Зошто попладневното спиење не е добра идеја?

Сите знаеме дека нема ништо послатко од тоа кога ќе се вратите во топлиот дом по напорниот ден, да дремнете во дневната соба. Сепак, ова често излегува од контрола, па 15-минутната дремка се претвора во двочасовен сон. Иако многумина не се свесни за тоа, ова во никој случај не е добро.

Зошто попладневното спиење не е добра идеја?

Повеќето луѓе немаат работно време од 9 до 5 часот попладне и немаат ни време за попладневна дремка, па многумина го практикуваат тоа за време на викендите и на тој начин само си прават лоша услуга.

Според германскиот експерт за проблеми со спиењето, Ханс-Гинтер Вес, попладневната дремка која трае повеќе од половина час не е добра идеја.

По половина час спиење, почнувате да влегувате во РЕМ-фазата, позната и како сон во кој се сонува, во која повеќе од 70 проценти од луѓето се чувствуваат летаргично откако ќе се разбудат. Освен тоа, попладневното спиење ја одложува вечерната поспаност. На ова особено треба да внимаваат луѓето што имаат нарушено спиење.

Попладневно спиење без последици

Ова не важи за сите бидејќи постојат луѓе кои можат да заспијат во попладневните часови, без никакви последици врз нивната свежина подоцна или врз способноста да спијат поквалитетно во текот на ноќта.

Сепак, експертите советуваат дека не треба да спиете попладне, но ако сè уште не можете без тоа, не треба да спиете повеќе од половина час и, ако е можно, тоа не треба да биде по 15 часот.

Овој совет не се однесува на децата бидејќи тие во текот на училишниот период стекнуваат способност да ги исполнат своите дневни потреби за спиење во текот на ноќта. Сè додека не ја стекнат таа навика, попладневниот сон е добредојден за нив.

Прочитајте какви се последиците од спиењето со куче или со мачка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Goran Markoski Reply

    Престанете со препишување

Остави коментар