7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!

7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!

Велигденскиот пост е многу построг од божиќниот пост, затоа скоро целиот е заснован на јадења без масло.

Првата недела од постот се нарекува „чиста“ затоа што постои верување дека во овие денови во молитвите се слуша плачот на душата што се прочистува. Со овие молитви се одрекуваме од гревот и доаѓаме до спасение и вечен живот.

Во текот на оваа недела се препорачува пост, солзи, молитви, покајание, чистење на телото и душата, како и одрекување од грев и страст, за да можеме достојно да се поклониме на крстот.

Ова недела се нарекува Тодорова недела.

7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!

Ви ги предлагаме следниве 7 рецепти:

Чорби:

7-recepti-za-jadenja-bez-maslo-vaka-se-posti-prvata-nedela-od-veligdenskiot-post

Крем супа од спанаќ

Потребни состојки:

  • 1 кромид,
  • 2 чешниња лук,
  • 3 компири,
  • 400 г спанаќ,
  • 1 морков,
  • 1 пашканат,
  • сол, бибер и магданос.

Начин на подготовка:

  1. Исчистете го, измијте го и исецкајте го зеленчукот во поголем сад за готвење.
  2. Додајте вода, доволно за да се залие целиот зеленчук и варете околу половина час.
  3. Потоа измешајте го варениот зеленчук со миксер и додадете уште малку вода и зачини.

Варен грав

Потребни состојки:

  • 1 кромид,
  • 2 чешниња лук,
  • 2 моркови,
  • 2 пашканати,
  • 300 г бел грав,
  • сол, бибер и ловоров лист.

Начин на подготовка:

  1. Потопете го гравот во вода и ставете го на рингла да зоврие.
  2. Кога ќе зоврие, порцедете го и фрлете ја водата, а во садот наполнете друга, чиста вода.
  3. Потоа додајте ги исецканиот кромид, лук, морков и пашканат и оставете да се вари околу еден час.
  4. На крајот, во варениот грав додајте зачини и тргнете го од ринглата.

Чорба од домати

Потребни состојки:

  1. 1 кромид,
  2. 1 голем морков,
  3. 1 корен од магданос,
  4. 1 компир,
  5. 500 мл сос од домати,
  6. сол, бибер и магданос.

Начин на подготовка:

  1. Варете го зеленчукот со малку вода, а потоа испасирајте го.
  2. Додадете го сосот од домати и зачините, варете уште десетина минути.
  3. Пред крај, додајте го магданосот.

Рецепти со ориз:

7-recepti-za-jadenja-bez-maslo-vaka-se-posti-prvata-nedela-od-veligdenskiot-post

Ориз со зеленчук

Потребни состојки:

  • 150 г грашок,
  • 150 г морков,
  • 150 г слатка пченка,
  • околу 1 чаша бел ориз,
  • сол, бибер, свеж магданос и куркума (по желба).

Начин на подготовка:

  • Варете го зеленчукот со малку вода и кога ќе е скоро готов додадете го добро измиениот ориз.
  • Оставете да врие околу десетина минути, а потоа тргнете го од ринглата.
  • Додадете сол, бибер и свеж магданос и промешајте.
  • Доколку имате желба може да додадете и куркума.

Ориз со печурки

Потребни состојки:

  • 200 г печурки,
  • 1 чаша (од 200 мл) бел ориз,
  • 1 кромид, 3 чешниња лук,
  • 1 корен магданос, вода, сол, бибер, мајчина душица и буковец.

Начин на подготовка:

  • Со многу малку вода варете ги лукот и кромидот па додајте ги печурките.
  • Кога печурките ќе омекнат, додадете го претходно измиениот ориз.
  • Додајте ги зачините: магданос, буковец, мајчина душица,сол и бибер.
  • Потоа залиете со вода и оставете да врие. Повремено промешувајте, додека оризот целосно не ја апсорбира водата.
  • По неколку минути, тргнете го садот од врелата рингла и сервирајте.

Останатите вкусни рецепти прочитајте ги на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар