Нејзиниот стил е инспирација за жените ширум светот: 3 модни заповеди на Кејт Мидлтон
Војвотката никогаш не прави грешки кога станува збор за стилот и секогаш изгледа беспрекорно. Кејт Мидлтон секогаш се води според овие правила поради кои нејзиниот изглед секогаш е највисоко оценет. Таа инспирира милиони жени ширум светот, а модните експерти се согласуваат дека таа е една од најдобро облечените дами на јавната сцена. Погледнете до кои три модни заповеди се придржува Кејт Мидлтон.
1. Пристапноста е на прво место
View this post on Instagram
Кејт Мидлтон е позната по својата штедливост, а тоа го докажа многупати со својот стајлинг. Таа ужива во шопингот, но најмногу ја сака распродажбата иако има можност да ја носи гардеробата на светските дизајнери.
2. Гардеробата треба да биде безвременска
View this post on Instagram
Кејт носи некои парчиња облека и по неколкупати и не се грижи што ќе кажат другите. Ако фустанот е убав и ѝ се допаѓа, таа без сомнение ќе го носи неколкупати. Зарем тоа не е поентата кога купувате убаво парче облека? Сакате да уживате колку што можете повеќе.
3. Гардеробата мора да биде елегантна
View this post on Instagram
Првата асоцијација на нејзиниот стил е дефинитивно елеганцијата. Таа сака комбинации во коишто се чувствува и изгледа женствено. Фустаните што ја следат линијата на телото се нејзините омилени.
Погледнете кои 14 парчиња облека им одговараат на сите жени без оглед на возраста.