Дали солта го спречува губењето на вишокот килограми?

Дали солта го спречува губењето на вишокот килограми?

На телото му треба натриум за одржување на нормална рамнотежа на течностите во организмот, а неговото присуство е, исто така, важно и за спречување на појавата на грчеви и релаксација на мускулите, како и пренесување на нервните импулси. Многумина ги изедначуваат натриумот и солта, па затоа е важно да се истакне разликата – солта содржи 40% натриум и 60% хлорид. Ако премногу ја засолувате дури и здравата храна и таа ќе стане штетна за вашето здравје.

Дали солта го спречува губењето на вишокот килограми?

Зошто помалку е подобро?

Натриумот привлекува и задржува вода. Како резултат на тоа, вишокот натриум во организмот предизвикува задржување на течностите и го зголемува волуменот на крвта, па вашето срце ќе се обидува да испумпа повеќе крв низ садовите со што ќе се зголеми артерискиот притисок. Ова може да доведе до срцеви заболувања, мозочен удар или висок крвен притисок.

Слабеењето и натриумот

Солта нема да го запре губењето на вишокот килограми, но може да го успори. Натриумот ја задржува водата во вашето тело. Кога консумирате премногу сол, ќе забележите и зголемување на килограмите. Спротивно на тоа, кога ќе го намалите внесот на сол, ќе изгубите неколку килограми, бидејќи вашето тело ќе се ослободи од вишокот складирана вода. Меѓутоа, ако повторно почнете да јадете солена храна, килограмите ќе се вратат.

Една лажичка сол содржи 2.325 милиграми натриум. Не се препорачува да се земаат повеќе од 2.300 милиграми натриум на ден. При болести како дијабетес, заболувања на бубрезите или висок крвен притисок, се препорачува внес од само 1.500 милиграми сол, а тоа е околу половина лажичка дневно.

Можеби сакате да прочитате и дека ако го внесете овој зачин во исхраната ќе видите како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар