Пред да станете нечија утеха, па дури и да завршите со скршено срце, препознајте ги знаците што покажуваат дека мажот има скршено срце поради неговата претходна врска. Иако ви кажал дека успеал да ја преболи поранешната девојка, тој сè уште се занимава со љубовни грижи. Овие 10 знаци појаснуваат дека неговото срце е сè уште скршено и дека треба да бидете претпазливи пред да излезете со него.rnrn
rn
1. Зборува за својата поранешна девојка како да е повреден
rnСите луѓе зборуваат за поранешните партнери и тоа е нормално сè додека не е многу често. Но, кога вашиот нов партнер постојано зборува за неговата бивша, тогаш треба да бидете внимателни.rn
2. Се двоуми кога станува збор за врска
rnИзгледа дека е заинтересиран за вас, но е крајно нејасен кога разговара за иднината. Тој не може да одлучи што сака: дали да се оддалечи од вас или да ви пристапи. Тоа двоумење може да биде знак дека тој сè уште е скршен.rn
3. Дава лоши коментари за љубовта
rnКога зборува за љубовта, тој звучи како незрел тинејџер што никогаш нема да верува во среќен крај. Но, тој е таков затоа што сè уште страда по личноста што му ги срушила соништата.rn
4. Се однесува како мистериозен човек
rnАко вашиот потенцијален партнер е помистериозен од Рубикова коцка, тоа е уште еден знак дека сè уште тагува по поранешната девојка.rn
5. Некогаш е емоционално расположен, а некогаш емоционално недостапен
rnПонекогаш тој е отворен за сè и комуницира отворено и слободно со вас. Следниот пат е сомнителен, зафатен или неактивен. Тоа значи дека го измачува внатрешен конфликт.rn
6. Има проблем со довербата
rnВи верува до одреден степен, но ве испрашува, а потоа се извинува за тоа. Тој се чувствува лошо што се сомнева во вас, но не може да ви верува целосно. Тоа е уште еден знак дека неговото срце е скршено и дека се бори да ја избегне болката.rn
7. Неговите лоши приказни се вртат околу неговата поранешна девојка
rnДали секоја тажна приказна започнува со неговата поранешна девојка? Дали ви ги раскажува тие приказни за време на расправијата со вас? Дали ги повторува истите приказни кога сте во друштво? Ако е така, свртете се и бегајте.rn
8. Ве споредува со поранешната девојка
rnДали постојано ве споредува со бившата девојка во однос на карактеристиките и на изгледот? Тоа не само што е многу лошо за вашата врска, туку е лошо и за вашата самодоверба.rn
9. Ви кажува дека веќе не сака сериозни врски
rnВаквите изјави се негативни и нереални. Освен тоа, не треба да се впуштате во таква врска ако тој има такви размислувања за љубовта.rn
10. Тој има ужасна слика за себе
rnАко зборува за себе на многу негативен начин, ако изгледа вознемирено, ако многу често се прашува зошто воопшто го сакате и ако ретко кажува нешто позитивно за себе, тоа значи дека тој има недостаток на самодоверба.rnrnПрочитајте зошто мажите се емоционално ладни и зошто мажот се оддалечува од вас.