Чоколадни еспресо колачиња
Меки и воздушести, овие чоколадни колачиња може дури и да ве расонат наутро, заради зрнцата еспресо кои ги содржат.Потребно е:
- 450 г темно чоколадо со над 65% какао маса
- 4 лажици омекнат путер
- 265 г шеќер
- 1 лажиче екстракт од ванила
- 60 г брашно
- 4 јајца
- половина лажиче прашок за пециво
- 1 лажица еспресо
- 200 г чоколадо, исечено на мали коцкички
Подготовка: Рерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Темното чоколадо исечкајте го на парчиња и на пареа растопете го заедно со путерот. Во сад изматете ги јајцата со ванилата и шеќерот. Низ голема цедалка просејте ги брашното, еспресото и прашокот за пециво. Смесата од путер и чоколадо полека додавајте ја во смесата со јајца, мешајќи во исто време. Потоа, во таа смеса полека додавајте го брашното и мешајте додека да се формира тесто. На крај, ставете ги коцкичките чоколадо и измешајте ја целата смеса. Тестото ставете го во фрижидер да се стегне околу 1 час. Потоа, во тавче за печење обложено со хартија за печење, ставајте по една лажица од тестото, со доволно растојание од едно до друго колаче. Ставете да се пече во загреаната рерна околу 8-10 минути, додека колачињата да бидат цврсти однадвор, а меки и воздушести однатре.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.