Машки таблети за контрацепција?! Дали машкиот род е спремен да користи нешто вакво?

Машки таблети за контрацепција?! Дали машкиот род е спремен да користи нешто вакво?

И покрај охрабрувачките наоди од едно скоро 50-годино истражување, сè уште нема варијанта на таблети за контрацепција кои може да ги користат мажите.

Недостатокот на фондови и наводна незаинтересираност на мажите за ова прашање значи дека оваа таблета досега не е произведена за масовно користење. Кај нас сè уште се очекува од жените да преземат одговорност доколку не сакаат да забременат.

Мачки таблети за контрацепција?! Дали машкиот род е спремен да користи нешто вакво?

Сепак, истражувањата покажуваат дека многу мажи би ја прифатиле таблетата кога таа би била достапна.

Осум од десет лица во едно истражување на оваа тема изјавиле дека контрацепцијата треба да биде заедничка одговорност на партнерите.

Во исто време, 77% од сексуално активните американски мажи на возраст од 18 до 44 години биле „многу или до негде“ заинтересирани да пробаат машка контрацепција која не ги опфаќа кондомите или васектомијата.

Значи, можно ли е да се надминат строгите родови поделби и машката таблета за контрацепција да стане реалност?

Нешто повеќе од една третина од паровите во плодна возраст низ целиот свет не користат контрацепција, според информации на Обединетите Нации.

Но, кога се користи контрацепција, женските контрацептиви се далеку почест избор.

Околу 19% од жените кои се во брак или се во врска се одлучуваат на стерилизација, 14% на спирала, 9% на таблета и 5% на инјекции.

Контрацептивите за мажи се користат значително помалку: 8% од мажите користат кондоми, а 2% се одлучуваат на вазектомија.

Па, зошто сè уште нема машка таблета за контрацепција?

Мачки таблети за контрацепција?! Дали машкиот род е спремен да користи нешто вакво?

Потребна беше само една деценија женската таблета да стане широко достапна по нејзиното измислување.

Па, зошто треба толку долго време за да се измисли машка таблета, која за првпат била тестирана во 1970-тите?

Некои научници тврдат дека научниот аспект на развој на машки контрацептивни таблети е покомплициран од развивањето женски апчиња.

Машката таблета делува преку запирање на производството на сперматозоиди, но нивото на хормоните што треба да се постигне во организмот може да предизвика несакани ефекти.

Во прашање се и социјалните и економските фактори.

Областа на репродуктивното здравје и медицината главно се фокусирани на женското тело, запоставувајќи го машкото. На пример, скоро секој знае што работи гинекологот, а сепак многу малку луѓе слушнале за андролог, лекар специјалист за машкиот репродуктивен систем.

На развојот на формулата за машка контрацепциона таблета не само што му требале децении туку, бил и попречен поради недостигот на финансиски средства.

Ова е делумно поради фармацевтските компании, законодавците, а и поради самите мажи кои се чини дека се помалку подготвени да ги прифатат потенцијалните несакани ефекти.

Иако, одредени симптоми се сметаат за прифатливи кај женските таблети затоа што се мерат според ризикот од забременување, тие често се сметаат за „неприфатливи“ кај машки таблети за контрацепција бидејќи контролната група е составена од здрави, млади мажи.

Покрај тоа, вообичаени несакани ефекти кај женските таблети како што се дебелеењето, промените во расположението и намалената желба за секс, честопати се сметаат за атак врз машкоста.

Истражувањата за оваа таблета наречени „Чисти чаршави“ поврзани со контрацепција за мажи што овозможува оргазам без исфрлање сперма, беше запрена поради слични причини, затоа што ејакулацијата се смета за важна компонента на машкоста.

Дали жените би им верувале на мажите за користењето контрацепција, честопати се споменува како друг фактор на несигурност.

Но, дури и пред неколку децении, истражувањата покажале дека жените во долги врски се подготвени да им веруваат на своите машки партнери во врска со контрацепцијата, но дека не се подготвени да им веруваат за контрацепцијата кога станува збор за опциите.

„Женска работа?”

Бидејќи контрацепцијата генерално се перципира како „женска работа“, веднаш се претпоставува дека мажите не би ја користеле.

Но, сепак, родовите улоги се менуваат, а мажите денес се многу поподготвени да ги споделат одговорностите во домаќинството и родителството.

Оваа промена во рамнотежата може да важи и за контрацепција, при што студиите покажале дека помладите луѓе веројатно ја доживуваат заштитата како заедничка одговорност.

Одредени групи мажи, особено оние кои се пообразовани или се помалку засегнати од традиционалните родови улоги, има поголема веројатност да ја поддржат или поздрават можноста за машка контрацепциона таблета.

Иако е добредојдена, масовната достапност на машката пилула нема да ја гарантира неговата употреба, што е проблем што го видовме и со стапката на стерилизација.

Иако машката вазектомија е измислена пред скоро 200 години, женската стерилизација е 10 пати почеста во целиот свет и покрај тоа што е помалку ефикасна, поскапа и повеќе склона кон компликации.

Поголемата родова еднаквост е неопходен прв чекор во елиминирање на социјалните и економските бариери при развој на контрацептивни таблети за мажи.

Можеби сакате да дознаете и што ја предизвикува предвремената менопауза?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар