Како да направите карамел?

Како да направите карамел?

Сирупот од карамел е совршен додаток за многу десерти, а неговата подготовка воопшто не е тешка!

Испробајте го нашиот рецепт уште денес и уживајте во неговата волшебност употребувајќи го како додаток врз палачинки, пуканки, сладолед, торти или колачи! Карамелот не е ништо друго освен златно, шеќерно задоволство.

Како да направите карамел?

Потребни состојки:

  • 200 г шеќер
  • 3 лажици вода
  • малку цимет, путер или ванила за да може карамелот малку да го промени вкусот и да ја добие нотата што вам ви одговара.

Начин на подготовка:

  1. Ставете го шеќерот во сад и додајте ја водата.
  2. Загрејте ја смесата на тивок оган, мешајќи со дрвена лажица. Важно е шеќерот да се стопи пред да почне да врие.
  3. Кога ќе забележите меурчиња престанете да мешате. Тогаш може да го мешате карамелот со кружно движење, држејќи го тенџерето или тавата над огнот. Колку подолго ќе ја задржите тавата на оган, толку потемна ќе биде неговата боја. Треба да внимавате да не ви изгори.

Забелешка! На крајот карамелот е многу топол, затоа внимателно ракувајте со него за да избегнете изгореници. Карамелот користете го врз претходно подготвени десерти или истурете го врз хартија за печење и да направите каква било форма за украсување на торта.

А за да го надополните задоволството можеби сакате да дознаете и како да подготвите брзи фритули: Лесен рецепт за вашето омилено зимско засладување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар