Кога станува збор за поставувањето новогодишни цели, една од најчестите е повеќе патувања во новата година. Ако планирате да патувате во текот на оваа година, но сте неодлучни која дестинација да ја изберете, астрологијата ќе ви даде инспирација.rn
Овен – Биг Сур, Калифорнија
rnПоради неверојатниот поглед исполнет со драматични карпи, океанот и чистото небо, Биг Сур е најскапоцениот камен на централниот брег на Калифорнија. Личностите родени во овој хороскопски знак ќе имаат многу обврски во текот на целата година, па потребно е да одвоите малку време за да се исклучите од технологијата и повторно да се поврзете со внатрешно јас. Далечна и недопрена, оваа дестинација е совршено место за тивок одмор.rn
Бик – Рим, Италија
rnВо текот на оваа година ги средувате финансиите, па размислете еден дел од буџетот да искористите за големо патување во странство. Рим е идеална дестинација за вас поради богатата историја на градот што е илустрирана преку уметноста и архитектурата. Освен тоа, има ли нешто подобро од свежо направени тестенини и бескрајни можности за шопинг?rn
Близнаци – Седона, Аризона
rnОваа година ќе биде година на големи лични и духовни трансформации, така што изборот на дестинација за одмор треба да го рефлектира вашиот внатрешен развој, а тоа може да биде волшебниот град Седона. Прекрасните пустински предели и убавината на црвените карпи ќе ве воодушеват.rn
Рак – Монтреал, Квебек, Канада
rnОд вас ќе се појави целосно нова страна во 2020 година, па дефинитивно ви треба некоја чудна и романтична енергија. Кое место е подобро за истражување од Монтреал? Најнаселениот град во Канада, кој се наоѓа во француската провинција Квебек, е центар на уметноста и на културата инспирирани од Европа.rn
Лав – Њујорк
rnПостојано сте во брзање градејќи една сосема нова верзија од животот што сакате да го живеете, па ако одите на одмор, одете некаде каде ќе можете да се нахраните со енергичност и со брзо темпо на живеење. Њујорк има од сè по малку, а метежот и вревата нема да ве заобиколат и поради тоа многу е веројатно дека едноставно ќе се инспирирате во овој град.rn
Девица – Чијанг Мај, Тајланд
rnОваа година ќе направи похрабра верзија од вас. Дали можете да почувствувате дека вашите хоризонти се прошируваат? Излезете од вашата удобна зона и уживајте во знаменитостите, во звуците и во вкусовите на Чијанг Мај. Посетете ги неверојатните храмови и плажи, а можете да патувате и до блискиот остров Ко Панган за незаборавна забава на полна месечина.
Продолжува на следната страница…

