Тест сo 7 точки кој открива дали сте емотивно зрели
Единствената личност со која треба да се споредувате во животот и да се трудите таа да напредува сте самите вие, рекол Зигмунд Фројд.
Еве ги знаците што укажуваат дали успевате во тоа. Имено, преку животното искуство со текот на годините стануваме емотивно позрели, развиваме самодоверба, сакаме да сме во сериозна врска, ги менуваме нашите животи и животите на луѓето околу нас.
Студентите на Зигмунд Фројд систематизирале 7 знаци кои укажуваат на тоа дека се наоѓате во фаза во која достигнувате емоционална зрелост, па еве ги сигналите кои укажуваат на тоа дека сте емотивно зрели.
1. Способност да прифатите конструктивна критика
Ова е важна особина за вас и со неа полесно ќе ги процените сопствените капацитети и достигнувања. Важно е да бидете подготвени да ја слушнете и да ја прифатите вистината, а не да ја негирате. Ако бегате од проблемите, или се преправате дека ги немате, нема да можете да ги решите. Така, илузиите стануваат прибежиште, што на крајот доведува до разочарување.
2. Способност да се прилагодите на промените
Промените може да ви го свртат целиот живот наопаку и да ви донесат стрес. Не е важно дали тоа се промени во дневните обврски или задачите што треба да ги направите, или промени во социјалниот статус, местото на живеење или работата или некои уште поважни животни промени. Треба да можете да се прилагодите, не треба да се нервирате поради нив или да се чувствувате како да сте надвор од вашиот колосек.
3. Колку сте имуни на стрес?
Поради бурата од внатрешни емоции, стресот може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Важно е да научите да се справите со стресот, бидејќи вашето физичко и ментално здравје зависи од тоа.
4. Способност не само да се земе, туку и да им се даде
Луѓето што своето време им го посветуваат на другите, им обрнуваат внимание, им даваат помош и финансиска поддршка се многу посреќни од другите.
5. Способност да се справите со луѓето со разбирање
Животот е постојана интеракција со луѓето, па затоа е многу важно да научите како да градите релации со нив. Двете клучни алатки се љубовта и почитта, тие се основа за хармонични односи со другите.
6. Способност да се пренасочи негативната енергија на конструктивен начин
Важно е да можете да ги пренасочите вашите негативни емоции, да не ги задржувате, туку да се обидете да ги користите во ваша полза, односно во насока на решавање на проблемите.
7. Способноста да се сака
Љубовта е голема и важна сила. Луѓето се раѓаат со капацитет за љубов и многу е важно да се посветат на тоа чувство целиот свој живот.
Можеби сакате да дознаете и дека разликата помеѓу две личности не е во способноста, туку во енергијата: Еве зошто некои личности магнетно ве привлекуваат а други ве одбиваат.