7 знаци дека вашите деца имаат токсични баби и дедовци и што можете да преземете во врска сo тоа
За многумина од нас, бабите и дедовците се добри луѓе кои ги сакаат децата исто колку и нас и имаат исклучиво право да ги расипуваат со слатки задоволства понекогаш. Но, да бидеме искрени: понекогаш бабите и дедовците може да бидат себични и манипулативни, а тоа може да ги наруши односите во семејството. Ако се сомневате дека вашите деца имаат вакви баба и дедо, сепак, постојат безопасни начини како да ја поправите ситуацијата.
Еве ги работите што ги прават и велат токсичните баби и дедовци, а ви предлагаме и какви чекори може да преземете за да го олесните стресот и да изградите добри односи во вашето семејство.
1. Ве потценуваат како родител
За токсичните баби и дедовци, што и да правите никогаш не е доволно и тие секогаш знаат подобро. Тие често ги унижуваат работите што ги правите и ги кажувате како родител. Како по правило, овој вид баби и дедовци не ги почитуваат правилата и границите што сте ги поставиле и целата дневна рутина ја претвораат во хаос.
2. Постојано се мешаат во вашите одлуки како родител
Ако вашите родители или свекрвата го продолжуваат времето кое вашето дете треба да го помине пред екранот понекогаш, можеби и не треба толку да им замерувате. Но, ако постојано се случува сите ваши правила да се кршат, најверојатно вашето дете има токсични баба и дедо. Токсичните баби и дедовци се сомневаат во сите ваши одлуки како родител и се расправаат со вас пред вашите деца.
3. Прават да се чувствувате виновни за да ве манипулираат
Токсичните баби и дедовци честопати користат манипулации за да ве натераат вие и вашите деца да правите како што тие сакаат. Ако вие или вашата сопруга сте ги доживувале овие манипулации како деца, тогаш нема да биде чудно вашите родители или свекрвата да ја употребат истата шема кога комуницираат и со вашите деца. Фразите што манипулативните баби и дедовци ги кажуваат може да бидат различни:
Бакни ме или ќе се налутам!
Јас им ги одгледав децата!
Мајка ти ли ти рече така да ми кажеш? и така натаму.
4. Често ја имаат улогата на жртва
Изигрувањето жртва честопати се користи како начин да се контролира однесувањето на другите луѓе и да се манипулира, без оглед дали е тоа намерно или не. Бабите и дедовците може да направат да се чувствувате виновни, себични и фрустрирани нагласувајќи колку направиле или прават за вас и вашите деца и како треба да го цените тоа повеќе отколку што е во случајот.
5. Се обидуваат да ја „купат“ љубовта и вниманието на внуците
Сосема е во ред кога бабите и дедовците ги расипуваат своите внуци со подароци понекогаш, но токсичните баби и дедовци користат подароци за да „купат“ љубов и внимание. Како по правило, тие купуваат премногу скапи подароци за вашето дете и се обидуваат да ве надминат како родител на секој празник или роденден, а исто така, купуваат скапи подароци и без да побараат дозвола. Тие ги користат подароците како начин да манипулираат со вас и вашите деца.
6. Мислат дека се омилени
Ако бабите и дедовците повеќе фаворизираат едно внуче и го игнорираат другото, ова е предупредувачки знак за токсичен однос. Бабите и дедовците, исто така, сакаат да бидат омилени споредувајќи ги децата и велејќи нешта како: „Не си толку паметен како сестра ти“ или „Брат ти го направи тоа подобро“.
7. Мислат дека имаат право да бидат постојано со внуците
За токсичните баби и дедовци, други баби и дедовци не постојат, и тие сакаат да го заземат првото место во животот на своите внуци. Тие не сакаат да го споделуваат времето кое го поминуваат со внуците со кој било друг и инсистираат на тоа да поминуваат што е можно повеќе време заедно.
Еве што можете да направите за да изградите здрави релации со токсичните баби и дедовци:
- Разговарајте со токсичните баби и дедовци. Претставете им како нивните постапки прават да се чувствувате и како тие влијаат врз вашите деца. Можеби тоа изгледа прилично очигледно, но понекогаш мислиме дека луѓето околу нас можат да претпостават како се чувствуваме и избегнуваме да се отвориме и да зборуваме.
- Поставете јасни граници за вашето дете и за себе. Вие сте родител, одлучете што е најдобро за вашето дете уште додека тоа е сè уште мало. Ако мислите дека вашето дете треба да има одреден тип исхрана, да има строг распоред на спиење и да не прима одредени подароци, кажете им на неговите баби и дедовци да ги научат „правилата на игра“ и бидете сигурни дека ги следат.
- Бидете активен слушател и ценете ја нивната загриженост. Ако се чини дека вашите родители или свекрвата не се согласуваат со вас, останете смирени и не сфаќајте го тоа премногу лично. Сослушајте ги и објаснете им зошто треба да биде така како што сте решиле. Кажете им дека сте ги слушнале и сте ги разбрале нивните совети, но вашиот избор, сепак, е различен. Не заборавајте да им се заблагодарите на бабите и дедовците за нивната љубов и внимание кон вашите деца.
- Ограничете ја комуникацијата некое време. Ако пробавте со сè, но ништо не успеа, ограничувањето на комуникацијата на вашето дете со токсичните баби и дедовци може да биде единствениот излез.
Без оглед како избор ќе направите, запомнете дека прекинувањето на врските со бабите и дедовците може да биде штетно за вашето дете. Затоа, пред да донесете одлука за ограничување на комуникацијата, темелно размислете за нештата и бидете сигурни дека вашиот избор е за доброто на вашето дете.
Можеби сакате да ги прочитате и 10-те најлоши нешта со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите.