5 тајни за подолг живот
Здравиот и долг живот е нешто кон кое сите целиме, но сепак ретко кој успева да се држи кон определени правила. Понекогаш и најобчино и неважно нешто може да се покаже како одличен стимулатор на човечкото здравје. Ова се неколку интересни работи кои се добиени од разни истражувања направени од врни експерти низ светот.
Важно е да бидете активни на кој било начин
Покрај придобивките за здравјето кои се добиваат од редовното вежбање, една обична прошетка со вашиот партнер или пријател може да биде одличен начин да си направите муабет, да си ги раскажете проблемите или да споделите некое искуство. Истражувањата покажуваат дека доколку не можете да испешачите барем пола километар во 5 минути, тогаш имате сериозни проблеми со вашето здравје.
Намалете со месото
Едно 10-годишно истражување направено на пола милион американски жители открило дека оние лица кои јаделе по барем 150 грама свинско или телешко месо дневно, имаат за околу 30% поголеми шанси побрзо да го завршат животот за разлика од оние кои внесуваат многу помала количина месо на дневно ниво.
Секогаш очекувај го најдоброто
Едно истражување спроведено од „Women’s Health Initiative“ направено на повеќе од 100.000 жени покажало дека оние кои биле пооптимистични имале за 14% поголеми шанси за подолг живот од оние кои гледале песимистично на нештата и приликите во животот.
Грижете се за вашите љубени
Универзитетот во Мичиген направил истражување кое покажало дека кога сопружниците се грижат еден за друг, и покрај сите нервози, ги зголемуваат шансите за подолг живот за околу 36%.
Внимавајте на витаминот Д
Ниското ниво на витамин Д во организмот се поврзува со остеопороза, дијабетес, хипертензија и со рак. Според најновите истражувања, возрасните кои не добиваат доволно од сончевиот витамин ги зголемуваат шансите за 26% порано да го завршат животот. Се препорачува да се излегува на Сонце барем 10-15 минути во периодот од 11 до 15 часот, неколку пати неделно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ако се тајни зашто ги давате во јавност !?!?! 😛