КАФЕ ПАУЗА

3 хороскопски знаци што најверојатно повторно ќе почнат да се допишуваат со своите бивши

3 хороскопски знаци што најверојатно повторно ќе почнат да се допишуваат со своите бивши

Можеби некогаш кога ќе ви биде здодевно ќе му пратите порака на поранешниот партнер, но овојпат станува збор за посебен вид храбар потег зад кој се кријат флерт, намери и драма, а тоа се директните пораки на Инстаграм. На тој начин имате предност да дознаете кога точно поранешниот партнер ја прочитал вашата порака, а ќе се чувствувате глупаво ако ја прочитал пораката и не ви одговорил. Ако некогаш сте предмет на вакви неочекувани пораки на Инстаграм, за тоа можете да ѝ се заблагодарите на астрологијата.rnrn3 хороскопски знаци што најверојатно повторно ќе почнат да се допишуваат со своите бившиrnrnПовеќето луѓе чувствуваат желба да стапат во контакт со своите бивши кога планетите транзитираат во нивната седма куќа на врските. Иако има одредени периоди во текот на годината кога некои хороскопски знаци ќе почувствуваат потреба да комуницираат со своите поранешните партнери, овие 3 хороскопски знаци се доволно храбри за да го сторат тоа во кое било време од годината без двоумење.rn

1. Близнаци

rnКога размислувате кои хороскопски знаци прават смели движења, најверојатно ќе ви текне на огнените знаци затоа што тие се ориентирани кон акција и живеат во моментот. Но, овојпат поголема е веројатноста дека личностите родени во хороскопскиот знак Близнаци ќе имаат смелост да направат такви храбри потези.rnrnОвие личности се љубопитни и импулсивни, па дури и ако немаат намера повторно да бидат заедно со бившиот партнер, може да го сторат тоа само за да ги направат работите поинтересни.rn

2. Скорпија

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак ќе испраќаат пораки на Инстаграм без двоумење. Овие личности се тврдоглави, а причината поради која им испраќаат пораки на своите бивши најчесто произлегува од потребата за докажување.rnrnСкорпиите мислат дека имаат големо влијание врз луѓето со кои се среќаваат, па повеќето од нив само сакаат да проверат дали сè уште сте заинтересирани за нив. Со други зборови, тие ќе го сторат тоа за да го нахранат своето его, а не за повторно да бидете заедно.rn

3. Рак

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак нема да ви пратат порака затоа што се обидуваат да флертуваат или за да ви го привлечат вниманието, туку затоа што едноставно се сетиле на вас.rnrnОвие личности нема да почнат повторно да комуницираат со вас за да се смирите, туку за да видат што правите и што се случува во вашиот живот, а на тоа ќе ги натера некоја објава што ја виделе на вашите социјални мрежи.rnrnРаковите само сакаат да ви дадат можност да ги споделите вашите емоции и солзи со нив, па ако добиете порака од овие личности, немојте да ја помешате љубезноста со нешто друго.rnrnПрочитајте кои 5 хороскопски знаци најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година.