Уметникот Mohamed Raoof, кој е страстен обожавател на играта „Angry birds“, решил да направи фотографии од вистински птици и потоа дигитално да ги обои за да потсетуваат на „оригиналот“. Овие фото-манипулации се толку добро направени, што речиси ќе ве натераат да поверувате дека лутите птици навистина постојат во реалниот живот. Колку кул би било тоа?!
Инаку, главниот директор на маркетинг во финската компанија „Rovio Entertainment Oy“ која ја направила оваа светски популарна игра за мобилни телефони, проценува дека таа најверојатно „тежи“ повеќе од една милијарда американски долари, а веќе од следната година ќе се продаваат акции за пошироката јавност.




rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кога „Angry birds“ би биле вистински птици…
