КАФЕ ПАУЗА

Зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

Зошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?

Written by

in

,

Едно истражување спроведено од страна на Американското здружение за микробиологија открило дека ставањето капаче на четката за заби е всушност нехигиенски начин на нејзино одржување. Изненадени ли сте?rnrnЗошто никогаш не треба да ставате пластично капаче на вашата четка за заби?rnrnВаквиот начин не ја штити четката од бактерии, туку создава идеално опкружување за нивен развој, спречувајќи ја можноста таа целосно да се исуши по употребата.rnrnСекоја бања е малку повлажна од другите простории, па ставањето капаче на четката за заби воопшто не е добра идеја.rnrnА како да ја заштитиме четката кога патуваме? Експертите советуваат да користите капаче што има многу мали отвори кои овозможуваат воздухот да циркулира и дозволува влакната да се исушат. Сепак, дома, четката треба да се остави отворена. Најдобар начин на чување на четката за заби е во исправена положба.rnrnНе живеете сами? Купете чаша што има посебни дупки во кои треба да ги поставите четките за заби индивидуално за да го спречите контактот меѓу нив (многу е нехигиенски тие да се допираат меѓусебно).rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дали вашето дете користи премногу паста за заби и зошто е тоа лошо за него?rn