Како вистински да се промените во следната година?

Како вистински да се промените во следната година?

Во пресрет на новата година, нормално е да размислите за изминатата година и за тоа што сакате да направите поразлично во следната година. Многу луѓе ветуваат дека ќе вежбаат, ќе се хранат поздраво, ќе бидат пољубезни, ќе поминуваат повеќе време со семејството, ќе го сменат работното место итн. За жал, повеќето од нив ги забораваат дадените ветувања уште пред почетокот на вториот месец во годината. За навистина да ги направите промените што ги посакувате, треба да го промените начинот на кој размислувате за промените. Во продолжение прочитајте што треба да направите за вистински да се промените.

Како вистински да се промените во следната година?

1. Дефинирајте го посакуваниот исход

Повеќето луѓе знаат што не сакаат, но ретко одвојуваат време за да размислат што навистина сакаат. Најчесто ќе слушнете „сакам да ослабам“, но оваа изјава е премногу општа и лошо дефинирана. Добрата изјава за исходот вклучува и квантитативни и квалитативни мерки. Колку килограми сакате да изгубите? До кога? Која големина на облека сакате да носите? Што ќе направите за да ги намалите килограмите? Дали ќе вежбате? Колку повеќе детали содржи вашата изјава, толку повеќе вашиот ум ќе биде насочен кон она што сакате да го постигнете.

2. Што ве спречува да успеете?

Идентификувајте ги пречките што ве спречуваат да успеете. Не можете да изгубите тежина затоа што немате време за вежбање? Имате премногу обврски? Примате терапија што ја зголемува тежината? Веројатно постојат неколку фактори што ве спречуваат, во спротивно, би ја постигнале целта уште многу одамна. Постојат три категории пречки: пречки што можете да ги контролирате, пречки на коишто можете да влијаете и пречки што се надвор од ваша контрола. Идентификувајте ги работите што можете да ги контролирате и работите врз коишто можете да влијаете и направете го вашиот план за слабеење во согласност со нив. Игнорирајте ги работите што не можете да ги контролирате и вашите следни чекори планирајте ги според работите што се во ваши раце.

3. Размислете за вашите предности и можности

Важно е да препознаете каде вие самите сте пречка, но исто така и каде можат да ви помогнат вашите специфични вештини и атрибути. Погледнете што можете да направите и како да го искористите својот потенцијал за да успеете. Исто така, не заборавајте ги луѓето што се грижат за вас и што секогаш ве поддржуваат. Дали во вашиот живот постојат луѓе на коишто можете да се потпрете, луѓе што ве бодрат или луѓе што се извор на информации? Внимателно размислете за човечкиот капитал и на кој начин можете да го искористите.

4. Размислете за вашите алтернативи

Понекогаш, кога се стремат кон својата цел, луѓето размислуваат еднонасочно, како да постои само еден начин да се стигне до целта. Постојат повеќе начини, а вие треба да откриете кој е најдобриот за вас. Откријте кои се вашите лични критериуми за успех и изберете го тоа што мислите дека е најдобрата опција.

5. Последниот чекор треба да биде креирање јасен план за следните чекори

Можеби судбината ќе интервенира во вашите планови, но ако сакате да дојдете до посакуваниот исход, да ги надминете пречките, да ги искористите човечките фактори и да ја изберете вистинската алтернатива за вас, треба да имате јасен план за следните акции што сакате ги преземете. Утврдете ги вашите што, кој, кога, како и колку, а потоа преземете чекори за да продолжите напред кон вашата цел.

Прочитајте како да го промените својот живот и да ја преземете контролата во свои раце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар