Во продолжение прочитајте како со помош на само една состојка да ги отстраните сите дамки од вашата бела облека, а истовремено и да ја исчистите вашата машина за перење.rnrn
rnrnВеројатно ви се случило да купите бела облека и само по неколку перења таа да ја промени бојата и да добие сива или жолтеникава нијанса.rnrnСигурно тогаш сте се фатиле за глава и сте посегнале кон разни хемикалии за да ги избелите алиштата. Немојте да се вознемирувате, нашите баби знаат еден трик со оцет кој навистина прави чуда.rn
Оваа состојка им ја враќа белината и ги омекнува алиштата
rnАлкохолниот оцет е одличен природен избелувач што целосно ќе ја обели пожолтената или посивена постелнина и таа ќе биде како кога се ја купиле.rnrnСтавете малку оцет во мерилката за детергент, ставете ја заедно со алиштата и вклучете ја машината на програма на која што нормално ја перете облеката.rnrnОцетот, исто така, ќе ги отстрани и видливите дамки од пот или дезодоранс на вашите омилени маици.rnrnДоколку сакате да се справите со тврдокорните дамки, натопете ја облеката во врела вода и додадете половина шолја оцет.rnrnОставете ја облеката неколку часа добро да се накисне, а потоа исперете ја во машината.rnrnПокрај отстранувањето на дамките и враќањето на белината на облеката, алкохолниот оцет совршено ќе ги омекне алиштата без да употребувате штетни хемикалии што се содржат во омекнувачите.rnrnСтавете оцет во делот од машината каде што ставате омекнувач и не грижете се за непријатниот мирис , тој ќе исчезне за време на перењето.rn
Го намалува талогот од детергент и ја чисти машината за перење
rnАко често забележувате траги од детергент на темната облека, алкохолниот оцет ќе го реши и тој проблем.rnrnНаполнете го делот за течен детергент до половина со оцет, ставете ги алиштата и вклучете ја машината. На овој начин може да ја исперете и темната и шарената облека.rnrnОцетот ќе го намали таложењето на детергент врз облеката и таа по перењето ќе биде целосно без дамки.rnrnПокрај тоа, оцетот е ефикасно средство за чистење на машината за перење и тоа за отстранување бигор, непријатни мириси и мувла.rnrnНаполнете ја мерилката со оцет и ставете ја во празната машина за перење, додавајќи малку сода бикарбона во делот за детергент. Вклучете ја машината на програмата за перење со највисока температура и тоа со сите програми по ред.rnrnПовторувајте ја постапката еднаш месечно затоа што машината треба да биде чиста за и облеката која ја перете во неа да биде чиста.rnrnДоколку сакате да станете „супер домаќин(ка)“ дознајте ги и овиe кујнски трикови за тоа како да ги измерите состојките без вага?rn