КАФЕ ПАУЗА

Применете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имајте долготрајни резултати

Применете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имате долготрајни резултати

Се чини дека оброците распределени во временски ограничена рамка се делотворни затоа што се ускладени во цикличен ритам, односно се во согласност со биолошкиот часовник на секој поединец.rnrnПрименете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имате долготрајни резултатиrnrnЕдно неодамнешно истражување на Salk – институтот за билошки истражувања од Калифорнија – покажало дека временското планирање на оброците е алатка која многу ветува во однос на контролата на телесната тежина. Истражувањата за исхраната се занимаваат не е само со тоа што јадеме, туку и како јадеме – нашето однесување и навиките поврзани со исхраната. На тој начин се открива најреалниот пристап за контрола на тежината.rnrnПоследното пилот истражување кое траело 12 недели покажало дека учесниците кои јаделе оброци во 10-часовна временска рамка, постигнале успеси во регулацијата на телесната тежина. Покрај тоа, овие учесници ги намалиле маснотиите околу струкот, крвниот притисок и нивото на холестерол, а нивото на шеќер во крвта им се стабилизирало.rnrnВо истражувањето во кое учествувале 19 лица со метаболичен синдром немало ограничување на оброците или на бројот на калориите. Пред да учествуваат во истражувањето, учесниците имале оброци во рамки од 14 часа или подолго, во текот на едно деноноќие.rnrnМетаболичниот синдром се дијагностицира кога некој има најмалку три од следниве фактори: вишок телесни масти околу струкот, висок холестерол или триглицериди, висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта или отпорност на инсулин.rnrnЗа време на студијата, на учесниците им била намалена временската рамка во која смееле да имаат оброци. Тие не ги прескокнувале оброците и обично појадувале подоцна за да може подоцна и да вечераат, но се задржале во рамките од 10 часа. Оваа диета навистина е како пост и во последно време е многу популарна.rnrnДругите студии што се потпираат на цикличниот ритам, покажале дека кога јадеме, може да биде исто толку важно како и колку јадеме.rnrnПостои идеална состојба, но…rnrnИдеалната состојба кога станува збор за тежината е онаа во која го спречуваме зголемувањето на телесната тежина, односно наместо да акумулираме вишок телесна тежина ние се обидуваме да ја намалиме.rnrnСепак, постојат бројни причини зошто ова сценарио не е реално во животот на многу луѓе, а поради тоа ни се потребни и нови решенија.rnrnПромената на вашата исхрана и вежбањето може да ве направат поздрава личност, но губењето на тежината не е лесен процес. Многу решенија се краткотрајни, но се чини дека промените во однесувањето, како што е исхраната во одредена временска рамка, може да биде корисно и да помогне во развивањето на нови навики. Се разбира, некои дополнителни истражувања ќе треба да ја потврдат нејзината ефикасност.rnrnНајдете одговор и на прашањетo колку навистина е важна здравата исхрана?rn