Со доаѓањето на новата година доаѓаат и нови можности во сите области од вашиот живот, од пари и кариера до љубов. Земете календар и пенкало затоа што секој хороскопски знак ќе има еден навистина среќен ден во 2020 година, а вие не сакате да го пропуштите токму својот најсреќен ден.rnrn
rnrnСледната година ќе биде многу добра за многумина, но еден знак ќе биде најсреќен од сите останати. Ако сте родени во хороскопскиот знак Јарец, подгответе се за одлична година. Сепак, тоа не значи дека Јарците ќе ја имаат целата среќа. Погледнете кој ќе биде вашиот најсреќен ден во 2020 година.rn
Овен: 1 октомври
rnМарс и Венера, двете планети што владеат со вашиот љубовен живот, ќе го направат 1 октомври емоционален ден. Кога станува збор за љубовта, за романтиката и за забавата, на овој ден ќе летаат искри. Ако сте родени во овој хороскопски знак, ставете го фокусот на сите видови нови почетоци. Искористете го овој ден максимално бидејќи нема да имате уште еден таков ден.rn
Бик: 8 март
rnБез разлика дали барате среќа во љубовта или во кариерата, 8 март ќе биде неверојатен ден за вас. На овој ден патувајте или испробајте нови искуства. Ако постојат места што сте сакале да ги посетите, резервирајте патување токму за таа недела.rnrnНа овој ден може да се појави изненадувачки нов извор на приходи. Ако некој ви понуди да направите нешто што е малку повеќе авангардно, овој ден ќе биде одличен за да го започнете тоа. И покрај тоа што мразите изненадувања и сметате дека промените се непријатни, време е да се навикнете на тоа, бидејќи Уран ќе биде во вашиот знак следните седум години.rn
Близнаци: 7 август
rnОвој ден ќе биде одличен ден за вас во однос на парите и на кариерата. Материјалниот свет започнува да биде во вашиот фокус, а вашите вредности излегуваат на површина и ќе можете да се справите со енергијата на парите. Ако имате проект што сакате да го реализирате, ова е одличен ден за да започнете со тоа. Овој успешен период ќе ви помогне да влезете во улогата на моќен креатор и ќе бидете горди што ќе имате можност да ги покажете резултатите од работата што сте ја сработиле. Вашиот ум веќе е прилично остар, но на овој ден ќе биде уште постар и ќе бидете во можност да се изразите на таков начин што ќе ви помогне да ги манифестирате своите желби.rn
Рак: 14 декември
rnМожеби за вашиот среќен ден ќе треба да почекате до крајот на годината, но ќе вреди да се чека. На овој ден ќе ги зацврстите вашите односи и тогаш ќе започне вашиот период на романтика и забава. Исто така, можеби ќе добиете понуда за ново работно место или ќе започнете нова велнес-рутина што ќе ви помогне да се чувствувате навистина добро.rn
Лав: 6 септември
rnАко барате љубов, бидете подготвени да ја пронајдете на 6 септември. На овој ден ќе бидете толку привлечни што ќе направите другите многу лесно да се вљубат во вашата аура. Ќе зрачите со убавина и со самодоверба, а луѓето ќе гравитираат околу вас. Ова е одличен ден за да закажете прв состанок или да излезете и да сретнете некој во текот на денот. Првиот впечаток е многу важен, а впечатокот што ќе го оставите вие ќе биде толку силен што ќе направи да влезете во љубовна врска што ќе трае засекогаш.rn
Девица: 25 август
rnАко вашата кариера има потреба од малку поттик, 25 август ќе биде среќен ден за вас. Ова е одлично време за какви било проекти поврзани со пишување, со уредување и со објавување. Исто така, на овој ден можете да побарате и покачување на платата. Не плашете се да го побарате тоа што го сакате и тоа што го заслужувате, дури и ако сметате дека тоа нема да биде во ваша корист. Следната година ќе ви понуди многу иновации, па затоа погрижете се да го искористите максимумот од тие можности.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
