Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да знаете колку феноменални може да бидете
Мудрите изреки на Маја Анџелоу, извонредна жена и поет, ќе бидат запаметени поради моќните зборови што влијаеја и сè уште влијаат на милиони луѓе.
Со смртта на оваа значајна личност изгубивме мудар писател, поет и мотивациски говорник, добитник на бројни награди со над триесет почесни докторати. Маја, исто така, била активен учесник во движењето за граѓански права. Имала работено со Мартин Лутер Кинг и Малком Екс.
Еве неколку инспиративни изреки што таа ни ги остави:
„Никогаш не го воздигнувајте оној за кој вие сте само една од опциите.“
„Љубовта е како вирус. Може да се случи кому било во кој било момент.“
„Сфатив дека луѓето ќе го заборават тоа што сте го кажале, ќе го заборават и тоа што сте го направиле, но никогаш нема да ги заборават чувствата што сте ги предизвикале во нив.“
„Ако нешто не ви се допаѓа, променете го. Ако не можете да го промените, променете го својот став. Немојте да се жалите.“
„Ѝ се восхитуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените низ кои таа поминала за да ја достигне таа убавина.“
„Повеќето луѓе не созреваат. Повеќето луѓе стареат. Наоѓаат паркинг место, ги почитуваат кредитните картички, се венчаат, раѓаат деца и тоа го нарекуваат зрелост. А, тоа е стареење.“
„Имајте доволно храброст да поверувате во љубовта уште еднаш; и секогаш уште еднаш.“
„Можете навистина да станете совршени во она што го сакате. Но, не правете од заработувањето пари своја цел. Наместо тоа, занимавајте се со работите што сакате да ги правите и правете ги толку добро, за луѓето да не можат да ги тргнат очите од вас.“
„Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да знаете колку феноменални може да бидете.“
„Не можете да управувате со сите настани што ви се случуваат, но можете да одлучите да ги минимизирате.“
„Не им верувам на луѓето кои не се сакаат себеси. Постои африканска поговорка која вели: ‘Бидете внимателни кога гол маж ќе ви понуди кошула’.“
„Сакајте го животот. Учествувајте во него. Дајте сè што сте добиле. Сакајте го со страст, затоа што животот навистина дава многукратно повеќе од тоа што сте му го дале.“
„Секој од нас, познат или непознат, е некому пример; и ако не сме такви, мора да се однесуваме така – како да сме повесели, подобри, полни со љубов, пољубезни. Затоа што може да бидете сигурни дека некој ве гледа и прави свесни и темелни опсервации.“
„Може да ме стрелате со вашите зборови, може ме пресечете со својот поглед, можете да ме убиете со грубоста, но и покрај тоа, како воздух, јас ќе се издигнам!“
„Нема место каде што Бог не е присутен. Срцето на жената мора да биде толку скриено во Бога за мажот да мора да го бара Него, само за да ја пронајде неа.“
Можеби сакате да ги прочитате и цитатите на Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста и да се разберете себеси подобро.