КАФЕ ПАУЗА

14 нешта што љубезните луѓе секогаш ги кажуваат

14 нешта што љубезните луѓе секогаш ги кажуваат

Written by

in

,

Се работи за неколку љубезни фрази што ќе ви помогнат да станете пошармантни, да ги избегнете непријатните ситуации и тензичните моменти.rnrn14 нешта што љубезните луѓе секогаш ги кажуваатrn

1. Здраво

rnСекогаш кажувајте здраво, особено во средините каде што ги среќавате истите луѓе постојано. Поздравувањето може да создаде позитивен впечаток за вас кај другите, велат експертите. Па дури и кога ќе сретнете некој непознат, поздравете го, зашто тоа можеби е вашиот иден директор, некој голем донатор или некој што му е важен на вашето семејство. Така ќе оставите позитивен впечаток и тоа другиот ќе го памети.rn

2. Ве молам

rnСпоред истражувањата, „Ве молам“ е фразата која треба секојдневно да се користи. Едноставното „Ве молам“ ја претвора наредбата во молба, а истовремено изразува почит и разбирање за лицето кому му се обраќате. Додавањето на еден едноставен збор може да го смени тонот на цел еден разговор.rn

3. Благодарам

rnБез разлика дали некој ќе стори нешто што не морал, како придржување на вратата за вас, или ќе ви направи кафе, заблагодарувањето е мал гест што го прави човек да се чувствува ценето, велат експертите. Запирањето за момент за да поразговарате со друга личност и да ѝ посветите внимание е чин на љубезност што кажува многу за вас.rn

4. Повелете и другпат

rnОткако ќе ви се заблагодарат учтиво е да одговорите со „повели и другпат“ или „ми беше задоволство“, но ако речете „не е проблем“ тогаш испраќате погрешна порака. Причината е поради тоа што така покажувате дека гестот бил премногу лесен за вас. Тајната се крие во малите сигнали што ги испраќате при комуникацијата со другите.rn

5. Пардон

rnКога случајно ќе навлезете во личниот простор на друго лице, без разлика дали е тоа случајно или намерно, треба да се извините или да побарате дозвола велејќи „пардон“. На тој начин го свртувате вниманието на другиот, па може да започнете разговор, да прашате нешто или само да поминете при брзање.rn

6. Именување на другиот

rnКога нудите некоја услуга или испраќате електронска пошта, пишувањето на името на тој кому му се обраќате е знак на почит. Кога некој го помни вашето име тоа значи дека сака да ви покаже дека ве цени и ве почитува.rn

7. Мило ми е што ве сретнав

rnОва е најатрактивната фраза која можете да му ја кажете некому. Тоа значи дека некој е среќен што ве гледа, а тоа е најпозитивниот начин да се започне разговор.rn

8. Тоа е многу љубезно од вас

rnПрифаќањето комплимент понекогаш може да биде предизвик, затоа што не знаеме како другиот ќе го сфати тоа. Но, со оваа фраза се искажува благодарност и љубезност кога некој ќе ве пофали за нешто.rn

9. Изразување сочувство

rnИзразувањето сочувство е многу важно, но прави луѓето да се чувствуваат непријатно. Едноставно речете „жал ми е за вашата загуба“, не мора многу да зборувате. Важно е на соговорникот да му ставите на знаење дека се грижите за него.rn

10. Да се побара туѓо мислење

rnКога ќе побарате од другиот да го сподели неговиот став за одредена тема, покажувате дека го цените и туѓото мислење. Ова ги прави луѓето да се чувствуваат значајно, а истовремено, така градите и позитивно мислење за вас.rn

11. Дали може некако да ви помогнам?

rnКога ќе сретнете некого што се обидува да направи нешто, но не успева, знак на емпатија е да прашате дали му треба помош. Тоа ја надминува учтивоста и е знак на благонаклоност.rn

12. Веројатно

rnВеројатно е збор кој се користи кога „ќе се согласиме да не се согласуваме“. Луѓето го користат кога на љубезен начин сакаат да кажат дека не се согласуваат со ставот на другиот, без да предизвикаат конфликт.rn

13. (Не) би можел да присуствувам

rnСпоред стручните лица, важно е секогаш да одговарате на вашите покани. Мора навремено да кажете дека не сте во можност да присуствувате негде, за тој што ве поканил да може да го планира списокот на гости.rn

14. Забележав дека добро го правите тоа

rnЉубезните луѓе не ги монополизираат разговорите, туку секогаш наоѓаат начин да го вклучат и другиот. Тоа го прават со укажување на позитивните страни на другиот кој треба да се вклучи во разговорот. Така тој се става во позитивно светло и се охрабрува да зборува.rnrnПрочитајте и за тоа како луѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работи.