Кривите улици во Сан Франциско
Градот Сан Франциско е познат по своите ридови, неверојатно стрмните улици и прекрасната мешавина од викторијанска и модерна архитектура. Фотографот Dan Ng се обидел да ги „исправи“ овие неверојатни удолни улици, така што го навалувал фотоапаратот во спротивна насока од косината на улиците. Од неговата работа, произлегла една уникатна галерија на овој град.
„Што би бил Сан Франциско без своите стрмни ридови? Па, како прво би ни било многу поедноставно да шетаме наоколу без да вложуваме многу напор. Ќе ни беше полесно да паркираме автомобил. Немаше да ни се лизгаат автомобили и тениски топчиња по удолниците.“ – објаснува фотографот
„Од друга страна пак, немаше да имаме жичарница, прекрасен поглед и необично привлечни соседства. Немаше да имаме толку многу филмови и разни разгледници со нашиот град. Накратко кажано, Сан Франциско не би бил Сан Франциско.“
„Со навалување на апаратот, се обидов да ги израмнам ридовите, а моите фотографии на еден палав начин ги портретираат улиците на Сан Франциско, во рамно издание. Но, фала му на Бога што не се рамни! Поради тоа што мојата населба е опкружена со ридови, стрмни ридови и уште пострмни ридови, јас ќе продолжам да правам повеќе и повеќе фотографии.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
go obozavam San Franciscooo haha