КАФЕ ПАУЗА

Нов доказ: Кафето го штити мозокот

Нов доказ: Кафето го штити мозокот

Невролозите продолжуваат да откриваат нови начини на кои кафето (во помала мера), чајот и чоколадото ги прават нашите мозоци поздрави и поотпорни. Во 2019 година има неверојатен напредок во ова истражување.rnrnНов доказ: Кафето го штити мозокотrnrnЗаедничката студија на Националниот институт за проучување на стареењето и на Универзитетот „Џoнс Хопкинс“, објавена во јануари во списанието „Неврохемиски истражувања“, открива дека супстанцијата метилксантин ја има во кафето, во чајот и во темното чоколадо (во какаото).rn

„Супстанцијата влијае на активноста на невронската мрежа, ја одржува когнитивната функција и може да ги заштити невроните од губење на функцијата и од умирање при мозочен удар кај животните, но и да заштити од Алцхајмерова и од Паркинсонова болест“, стои како заклучок.

rnИстата студија открива дека супстанцијата ксантин метаболит која се лачи кога мозокот го обработува кофеинот може да придонесе за корисни ефекти на кафето, на чајот и на какаото врз здравјето на мозокот.rnrnПотоа, анализата на 11 истражувања за ефектите на кафето врз здравјето на мозокот, објавена во Меѓународното списание за хируршка онкологија, покажува дека кафето и чајот (а со тоа и какаото) не само што го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, туку и го намалуваат ризикот од карцином на мозокот.rnrnНа крајот, темелното истражување на Универзитетот „Окајама“ покажува дека внесувањето на хлорогените киселини од кафето ги стимулираат антиоксидантните својства на глијалните клетки и спречува невродегенерација. Во превод, кофеинот го прави вашиот мозок пофлексибилен и поотпорен.rnrnЗаклучок: Ако сакате да го одржите вашиот мозок здрав во иднина, треба да консумирате кафе, чај или какао.rn

Колку?

rnВеројатно не консумирате доволно. Истражувањата покажуваат дека идеалната дневна доза кафе е околу 6 до 8 шолји.rnrnАко тоа звучи како премногу, можете да замените една или две шолји кафе со парче црно чоколадо. Треба да се напомене дека од други здравствени причини, треба да консумирате кафе, чај и какао без шеќер и млеко. Но, ефектот и понатаму ќе биде подобрена работа на мозокот.rnrnПрочитајте и зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не.