КАФЕ ПАУЗА

Звучи лудо но не е: Зборувајте им на вашите бебиња и на странски јазик

Звучи лудо но не е: Зборувајте им на вашите бебиња и на странски јазик

И покрај тоа што мислите дека вашето бебе не ве разбира кога нешто му зборувате, стручните лица сметаат дека треба да му зборувате дури и на странски јазик.rnrnЗвучи лудо но не е: Зборувајте им на вашите бебиња и на странски јазикrnrnЗвучи лудо, но не е. Ако бебето во првите девет месеци дојде во контакт со друг јазик, подоцна ќе го научи многу побрзо и полесно.rnrnПсихолозите од Универзитетот Бристол во Англија откриле дека додека се развива, мозокот поминува низ таканаречената фаза на програмирање, па детето во тој период стекнува способност за препознавање на клучните звуци од јазикот, а тоа најмногу се однесува на мајчиниот јазик.rnrnДоколку бебето сè уште се нема сретнато со странски јазици, во подоцнежниот период потешко ќе го совладува изговорот на непознатите зборови. Па затоа, ако сакате на вашето дете учењето странски јазици да му оди лесно, почнете на време, уште додека е бебе.rnrnСигурно сакате да се грижите најдобро што знаете и умеете за вашето бебе. Проверете и колку е штетно за бебето ако живее во дом во кој се пуши.