Хризантемите се симбол на минливоста на животот, смртта и жалењето. Затоа се неизоставен дел од аранжманите што ги ставаме на последните почивалишта на нашите сакани.rnrn
rnrnХризантемата (Chrysanthemum) е вид цвеќе со триесеттина подвидови повеќегодишни растенија од семејството на композити (гладиоли). Со оглед на тоа што на нашето поднебје ова цвеќе расте во ноември, луѓето почнуваат да го носат на гробовите во текот на празниците од овој месец.rnrnИако нејзините шарени цветови ја шират пораката дека почетокот на зимата може да биде убав, кај нас хризантемата симболизира жалење. Старите Грци сметале дека овој цвет штити од зли духови. Но, исто така тие верувале дека ова цвеќе не треба да се бере од гробовите затоа што на таа личност што ќе го набере ќе ѝ донесе несреќа.rnrnВо Франција ова цвеќе се става на гробовите на саканите од 11 ноември 1919 год., односно од првата годишнина од примирјето по Првата светска војна. Тогашниот претседател Рејмонд Поинкаре наредил да се положи цвеќе на сите гробови на загинатите во војната. Со оглед на тоа што хризантемите тогаш биле едни од ретките цвеќиња што цветаат во тој период, биле употребени повеќе од 30.000 вакви цветови, па така започнала оваа традиција.rnrnПоради нивната отпорност на ладни температури и мраз, хризантемата симболизира и бесмртност.rnrn
rn
Симбол на среќата, здравјето и просперитетот
rnХризантемите потекнуваат од Азија, поточно од Кина и Јапонија, каде се сметаат за цвеќиња на среќата и просперитетот. Ова цвеќе во Јапонија е знак на царското семејство, а во Кина обично се подарува на крштевките и родендените. Кинезите прават вино од хризантеми кое зрее година дена и се испива на деветтиот ден од деветтиот месец. Овој ритуал му носи долг, мирен и среќен живот на семејството.rnrnПокрај тоа, Азијците веруваат дека хризантемите имаат многу лековити својства. Локалното население развило начини на производство на цветовите кои служат за исхрана и од кои може да се направи чај против главоболки, вртоглавици, грип и кардиоваскуларни болести како и висок холестерол. Не обидувајте се да направите напиток од цветовите кои ги купувате во цвеќарите затоа што нивните својства се потполно различни.rnrn
rn
Златен цвет
rnВо западниот свет хризантемите за првпат се појавиле во XVII век. Шведскиот болничар Карл Линаеус ја нарекол хризантемата златен цвет, спојувајќи го грчкиот збор chrysos што значи злато и anthemonom што значи цвет.rnrnВо Австралија хризантемите традиционално се подаруваат за Денот на мајките, а во САД се симбол на чесноста и често може да се најдат како украс на венчавките.rnrnЗа време на Викторијанското доба во Англија ова цвеќе се сметало за симбол на пријателството, а им се носело и на луѓе кои се опоравуваат по болест.rnrnИмајте на ум дека бојата на цветот исто така е симболична. Ако добиете за подарок црвена хризантема тоа е израз на љубов. Жолтата хризантема означува жалење, а белата е симбол на лојалност и преданост кон личноста на која ѝ се подарува.rnrnПогледнете и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња.