Ако сте како повеќето луѓе, тогаш вашата способност нормално да функционирате во текот на денот многу зависи од вашето утринско кафе. Кафето не само што може да ви даде доза кофеин наутро, тоа може да биде и корисно за вашето здравје. На пример, обичното црно кафе (без никакви додатоци) содржи бројни поволности за вашето тело. Во продолжение проверете на што точно мислиме.
rn
1. Малку калории
rnДодавањето млеко, шлаг или шеќер во кафето може да звучи примамливо, но сите овие додатоци се калорични. Обичното црно кафе содржи само 5 калории.rn
2. Побрз метаболизам
rnКофеинот е природен додаток кој помага при согорувањето на маснотиите, но не и доколку се пие со млеко. Исто така, истражувањата покажуваат дека црното кафе го забрзува метаболизмот за 3 до 11%!rn
3. Кафето е диетално
rnАко после консумирање кафе често морате да одите во тоалет, сигурно знаете дека и тоа е сосема нормално. Всушност, кафето ви помага при чистењето на вашето тело од штетни токсини.rn
4. Помал ризик од некои видови рак
rnЛабораториските истражувања покажуваат дека фитохемикалиите во зрната на кафето можат да помогнат при контролата, како и при намалувањето на развојот на канцерогените клетки. Ова посебно се однесува на ракот на црниот дроб.
Доколку сте дел од оние луѓе кои сакаат да пијат силно, црно кафе, дознајте што тоа кажува за вас.

