Меки и вкусни домашни кроасани кои се топат во уста

Сподели

Овој рецепт е едноставен, а резултатот е совршено тесто што може да се наполни и со слатко и со солено

Потребни состојки:

rn

    rn 011

    Реклама
  • 130 грама брашно
  • rn 011

  • 150 грама путер
  • rn 011

  • 120 милилитри млеко
  • rn 011

  • 3 лажици шеќер
  • rn 011

  • 25 грама сув квасец
  • rn 011

  • Прстофат сол
  • rn 011

  • 1 жолчка
  • rn 011

  • 1 лажица млеко
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзматете го квасецот со млекото и шеќерот. Во друг сад подгответе го брашното и солта, заедно со путерот и матете сè додека не добиете цврста структура. Додајте го подготвениот квасец и направете го тестото. Замотајте го во фолија, па замрзнете го на половина час.

Измесете го тестото на површина со просеано брашно. На самиот крај развлечете го тестото во круг, направете триаголници и замотајте ги во форма на кроасани. Наредете ги на тава и оставете ги да отстојат околу 2 часа. Загрејте ја рерната на 230 степени Целзиусови.

Премачкајте ги со жолчката и печете 8 минути на 190 степени Целзиусови, а останатите 10-15 минути на 230 степени.

Популарно

Може ќе ве интересира