Како успешните луѓе ги поминуваат последните работни часови секој ден
Остануваат уште неколку здодевни часови до 16 часот и потоа сте дома. Но, што дотогаш? Еве како да го завршите вашиот работен ден, според експертите.
Важно е да го завршите денот со цел
Да бидеме реални, последниот час на работа не е секогаш најпродуктивен. Како што поминуваат часовите, повеќето од нас започнуваме да гледаме во часовникот, чекајќи го моментот да си заминеме. Но, доколку го завршите денот со цел, тоа може да го зголеми моралот и за вас и за канцеларијата. Колку попозитивно го завршите денот, толку попродуктивни ќе бидете следниот работен ден. Ова е една од навиките на успешните луѓе.
Се навраќаат на своите достигнувања
Додека повеќето од нас го поминуваме последниот час правејќи нова листа за утрешниот ден, успешните луѓе се навраќаат на работите кои ги завршиле истиот ден. Последниот час може да ви служи за рефлектирање на работите – и добрите и лошите. Многу успешни луѓе советуваат да одберете една позитивна работа која се случила тој ден и таа да ви биде водилка кон успехот. Исто така, може да ги запишувате позитивните работи од денот, а не неуспесите или работите кои не сте стигнале да ги направите денес.
Намалете ги електронските пораки на нула
Верувале или не, просечно трошиме повеќе од три часа дневно проверувајќи го имејлот за пораки поврзани со работа. Доколку денес оставите неотворени пораки, тоа значи дека утрешниот ден ќе го потрошите целосно само на тоа. Бидете упорни и прочитајте ги сите пораки кои ги одбегнувавте долго време. Последниот час на работа е одлично време за да го организирате вашето електронско сандаче.
Создадете листа на работи кои сакате да ги остварите
Направете листа во која ќе се фокусирате на наоѓање решенија и ефективно завршување на проектите. Пред заминување, напишете три до пет цели кои сакате да ги остварите следните 24 часа. Оваа листа ќе ви биде ветување од себе за себе. Ќе ви служи како водич за следниот работен ден.
Прво завршете ги малите работи
Долгите состаноци можат да ве истоштат и да се чувствувате без енергија при крајот на денот. За да бидете ефективни и последниот час на работа, се препорачува да направите мали работи, како на пример неколку имејлови или средување на вашето биро. Овие задачи не бараат многу труд и енергија, но ќе ви помогнат да се чувствувате исполнето. Истражување од Универзитетот Принстон тврди дека несреденото биро прави потешко да се фокусирате, да работите па дури и да процесирате информации.
Закажете си термин за себе
Исто како што закажувате состанок со останатите колеги или претпоставени, така и вие закажете си состанок со себеси. Личниот состанок може да биде различен секој ден, но може да вклучува планирање и давање приоритет на одредени задачи, или правење календар за следните проекти.
За оние кои сѐ уште се во потрага по совршената работа, прочитајте кој е најдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работа.