КАФЕ ПАУЗА

Како да ја вратите свежината на стариот леб?

Како да ја вратите свежината на стариот леб?

Експериментирањето со храната понекогаш ни открива трикови со кои може да заштедиме време и пари, но и да го одбегнеме претераното фрлање на храната. Тука спаѓа и непотребното фрлање на стариот леб.rnrnКако да ја вратите свежината на стариот леб?rnrnВеројатно често сте принудени да го фрлите стариот леб кој со денови стои во кујната. Благодарејќи на овој мал трик, повеќе нема да мора да го правите тоа.rnrnСѐ што треба да направите е да го намокрите лебот со вода. Внимавајте мекиот дел од лебот да не биде премокар. Доволно е да ставите вода само на тврдиот дел.rnrnСледниот чекор е печење на лебот на температура од 150 до 160 степени целзиусови. Печете го лебот од 6 до 12 минути, во зависност од тоа колку вода сте употребиле. Тоа е сѐ!rnrnТрикот функционира бидејќи водата се претвора во пареа за време на печењето. Притоа, лебот повторно станува мек.rnrnЗа да заштедите при готвењето, погледнете како да си направите сами масло за пржење.