Многупати досега сме имале прилика да видиме десерти кои се премногу вкусни за да би ги јаделе, а оваа торта од пекарата Малици Кејкс не е исклучок.rnrn
rnrnИнспирирани од љубовта на невестата кон пауните, сестрите пекарки Малици направиле уникатна торта која претставува своевидна уметност од храна. Како што се гледа од сликите, таа се состои од два дела: телото на паунот поставено на трикатна кружна торта и шарени пердуви кои се спуштаат надолу по неа и продолжуваат на масата во вид на колачиња декорирани со пердуви кои и самите се јадат.rnrnСѐ на тортата е рачно изработено, а потребни биле околу 3-4 часа за да се направи и уште толку за да се подготват колачињата и пердувите. Вистинска јадлива уметност!rnrn
rnrnПогледнете го и ова: Слаткарка прави воодушевувачки торти што изгледаат како да се везени.
Свадбена торта во форма на паун со долг опаш од колачиња
