5 начини на кој вашиот бивш ви сигнализира дека сѐ уште не ве преболел

5 начини на кој вашиот бивш ви сигнализира дека сѐ уште не ве преболел

Раскинувањето никогаш не е пријатно и претставува вистински емоционален вртлог низ кој никој не може да помине рамнодушно. Во најчест случај, тоа е конечно, но сепак понекогаш барем едната страна верува дека сѐ уште постои шанса за смирување. Ако вашиот бивш ги прави овие 5 нешта, имаме новост за вас – сѐ уште ве нема преболено.

5 начини на кој вашиот бивш ви сигнализира дека сѐ уште не ве преболел

И понатаму ви честита роденден

Само што часовникот отчукал 12 по полноќ, стигнува првата порака, и тоа баш од него. Притоа не се работи за некоја готова картичка или едноставна порака, туку за вистинска честитка од срце каква што ни вашата најдобра пријателка не би можела да смисли.

Ве вика на забавите кои ги организира

Ова е дефинитивен знак дека сѐ уште сака да го привлече вашето внимание. Сепак, ова може да го прави од различни причини: или се обидува одново да ве освои или пак, сака да ве направи љубоморни кога ќе го видите со друга.

Се обидува да ви докаже дека се има променето

Одвреме-навреме ви се јавува за да ви објасни дека е како нов човек, созреан. Тврди дека разбира што ви пречело порано кај него и како сето тоа барем делумно го променил кај себе.

Имате чуено дека се распрашува за вас

Вашите заеднички пријатели ви имаат кажано дека тој се распрашувал за вас, вашиот живот и за тоа што ви се случува во последно време. Притоа, им нагласува да не ви кажуваат дека зборел за вас.

Објавува статуси со скриени значења

Љубовни цитати, патетични фотографии и емотивни песни се првото нешто што би го виделе на неговиот профил. Иако тој можеби не сфаќа колку е очигледен, вас ви е веројатно многу јасно што сака да каже со сите тие објави.

По долга пауза, бившото момче повторно ве бара? Ова се можните причини за тој чекор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар