Вистинските пријатели се оние кои треба да се чуваат како богатство. Би можеле долго да зборуваме за сите придобивки кои можеме да ги почувствуваме од блиското пријателство, но денес ќе се задржиме на карактеристиките според кои можете да ги препознаете оние пријателки што ќе останат со вас цел живот!rnrn
rn
1. Сигурност
rnЧувството дека можете да се потпрете на некого во секој момент е едноставно незаменливо. Довербата се забележува и во малите нешта што тие ги прават за вас, како едноставното почитување на договореното. Експертите сметаат дека овие квалитети го водат пријателството на сосема ново ниво.rn
2. Искреност
rnОвој квалитет подразбира отворено и објективно изразување на своите ставови и мислења во комуникацијата со пријателите, без оглед на тоа колку е сериозна темата за која разговараме. Искреноста особено се цени кога се во прашање големите и важни животни одлуки.rn
3. Лојалност
rnБез лојалноста тешко може да се воспостави однос со доверба. Тоа е една од причините зошто овој квалитет е многу важен за сите врски во нашиот живот, особено за пријателските и за љубовните.rn
4. Емпатија
rnСпособноста искрено да се сочувствува со патењето на другите луѓе е една од најголемите човечки квалитети. Таа ни овозможува да ги препознаеме ситуациите низ кои минуваат нашите пријатели и соодветно да реагираме за да им помогнеме да си ги решат проблемите.rn
5. Доверба
rnОвој квалитет може да ви помогне при остварувањето на кој било интерперсонален однос. Од друга страна, нејзиниот недостаток ќе го сруши пријателството и целосно ќе го промени односот меѓу вас. Чувството на доверба се создава со време и кога ќе зацврсти, постанува камен темелник за остварување на долготрајно пријателство.rnrnПрочитајте и зошто патувањето со пријателите е добро за вашето здравје.