Клинички психолог открива: Не е лесно да процените дали сте компатибилни на првиот љубовен состанок

Клинички психолог открива: Не е лесно да процените дали сте компатибилни на првиот љубовен состанок

Првиот љубов состанок се смета за најдобриот начин да откриете дали сте компатибилни со нова личност. Но, очекувањето да си заминете од тој состанок со точна идеја за која е личноста со која сте биле не е секогаш реалистично. Не се обидуваме да ви кажеме дека првите впечатоци не ви кажуваат ништо или пак, дека треба да ја игнорирате интуицијата туку дека едноставно не можете да очекувате да запознаете некого целосно во само неколку часа. Според д-р Џошуа Клапоу, клинички психолог, судењето на компатибилноста од само еден состанок, поточно од првиот, не е најефективниот начин за барање партнер.

„Првите љубовни состаноци се исполнети со многу притисок што нè оттргнуваат од нашето нормално, автентично однесување“, вели д-р Клапоу. „Вам може супер да ви оди на првиот состанок и да испаднете тотално некомпатибилни за врска или пак, спротивно – да го имате најлошиот љубовен состанок досега и да стапите во брак со личноста.“

Постојат многу фактори што влијаат на тоа како се поврзувате на првиот состанок, а многу од нив се надвор од вашата контрола. Ако има и најмал интерес, д-р Клапоу препорачува да инвестирате повеќе време во таа врска за да си дадете шанса да си ги покажете своите автентични страни.

Па, што ќе се случи ако си одите од првиот љубовен состанок убедени дека сте се заљубиле на прв поглед? Па, пред премногу да се возбудите, потсетете се дека гледате само мало парче од многу поголема целина.

„Позитивно или негативно, судењето компатибилност на првиот состанок воопшто не е безбедно“, објаснува д-р Клапоу.

Имајќи го ова на ум, постојат одредени знаци на кои треба да обрнете внимание бидејќи тие можат да бидат основата на компатибилноста. Иако најчесто се избегнуваат потешки теми за разговор, ако забележите дека вашите религиозни, политички и социјални погледи се исти, тогаш големи се шансите дека и во други аспекти од животот ќе имате слично мислење.

„Начинот на кој го гледате светот влијае на начинот на кој се однесувате во светот“, вели д-р Клапоу. „Колку покомпатибилни се вашите погледи, толку поголеми се шансите вие да бидете компатибилни.“

Прочитајте ги и овие 4 суптилни реченици со чија помош ќе го натерате да ве покани на прв љубовен состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар