КАФЕ ПАУЗА

7 јасни знаци дека имате прекрасен сопруг

Дали постои совршен маж? Кога станува збор за физичкиот изглед, дефиницијата варира од човек до човек. Но, кога се работи за емотивен план, сите жени го бараат отприлика истото. Па, доколку ги препознавате овие квалитети во вашиот сопруг тоа значи дека сте направиле одличен избор!rnrnrn

1. Се чувствувате сигурно покрај него

rnВо друштво на добар сопруг, секоја жена се чувствува сигурно. Без оглед за каква сигурност станува збор, неговото присуство ѝ прави да биде мирна и безбедна, рушејќи ги сите нејзини стравови и сомнежи.rn

2. Ја јакне вашата самодоверба

rnДобриот сопруг никогаш нема да се служи со манипулации, без разлика дали станува збор за физички, емоционални или сексуални со цел да го добие тоа што го сака или да ја контролира својата сакана.rn

3. Ве турка кон напред

rnДобриот сопруг никогаш нема да ја ограничи жената при остварувањето на нејзиниот потенцијал. Тој ќе ѝ биде најдобрата поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Тој нема да дозволи својата сакана да се откаже од своите соништа.rn

4. Верен ви е

rnНеверството воопшто не му паѓа на памет, без разлика дали станува збор за физичко или емотивно. Во неговиот живот има место за само една жена, а тоа е неговата сакана и ценета сопруга.rn

5. Знае дека имате потреба од време за себе

rnДобриот сопруг знае дека квалитетниот брак се состои од компромиси меѓу две личности на кои им треба заедничко време, но и слободно време за своите интереси. Токму затоа и тој ве поттикнува да си ги следите интересите.rn

6. Ви дава простор да бидете своја личност

rnАко го замилите за совет, тој ќе ви го каже своето мислење. Но, никогаш нема да се обиде да ви го наметне тоа мислење ниту пак очекува да размислувате како него. Тој премногу ве цени за вака да се однесува.rn

7. Секогаш сте му на прво место

rnМожете да се потпрете на него во секој момент од животот. Тој е секогаш тука да ве поддржи бидејќи вие сте најважната личност во неговиот живот.rnrnМожеби ќе ве интересира и ова: Татко на 3 деца опишал колку е „едноставен“ животот на неговата сопруга.