Заборавете на темните и еднолични бои: Оваа есен ќе доминираат овие силни нијанси!

Сподели

Како што температурите почнуваат да паѓаат, така сè повеќе се одлучуваме за парчиња облека во неутрални и темни бои, но оваа есен, според многу модни експерти, во тренд ќе бидат веселите и разиграните нијанси. Оваа палета е сосема неочекувана за есенската сезона, но сигурни сме дека ќе развесели многу дами. Погледнете ги петте бои кои ги преплавиле есенските модни писти.rn

Реклама

1. Боја на ф’стак

rnПосле појавувањето на модните писти, оваа нежна боја брзо ги освоила и Инстаграм и уличната мода ширум светот. Таа е толку популарна, што се верува и дека ќе стане бојата на есента.rn

2. 50 нијанси виолетова

rnВиолетовата боја долго време беше занемарувана, но оваа сезона ќе доживее целосно враќање на сцената. Од пастелните нијанси, до темните тонови, оваа боја ќе доминира на улиците.rn

3. Силна портокалова

rnОваа боја без сомнение ќе ја разбие есенската монотонија и сивилото. Од сите портокалови нијанси, најмногу ќе доминираат силните и впечатливите што привлекуваат погледи.rn

4. Необична циклама

rnИзгледа дека цикламата е новата црна. Бидете храбри оваа есен и искомбинирајте целосен аутфит во оваа боја. Таа е одлична за сите прилики!rn

5. Неонска жолта

rnБез разлика кое парче облека ќе го одберете во оваа боја, вие ќе бидете забележани. Неонската жолта и сите останати неонски нијанси ќе бидат голем хит есенва.

Погледнете ги и овие 10 парчиња облека што мора да ги имате во плакарот оваа есен!

Популарно

Може ќе ве интересира